TDI-МОТОРИ

Штедливите 2,0 l турбо дизел мотори со Common-Rail директно вбризгување се достапни во четири различни нивоа на моќност. Особено верзиите со 55 kW/75 КС и 75 kW/102 КС убедуваат со своите ниски вредности на потрошувачка и на емисија. Моторот со јачина од 75 kW/102 КС и моторот со јачина од 110 kW/150 КС можат по желба да се комбинираат со менувачот со двојна спојка DSG. Моторот со јачина од 90 kW/122 КС е достапен само со погонот на сите тркала 4MOTION. 

TSI-МОТОРИ

Врската од директно вбризгување и турбо полнење ги прави сите три мотори да бидат оперативно тивки, особено ефикасни и исклучиво моќни погони. Пред сè, новите  1,0 литарски и 1,2 литарски TSI-мотори убедуваат со својата штедлива потрошувачка. Освен тоа, со 1,4 литарскиот е првично достапен TSI-мотор, којшто може да се комбинира со менувач со двојна спојка DSG.

BLUEMOTION ТЕХНОЛОГИЈА

Моделите на Volkswagen со BlueMotion Технологија ги следат мислите на  "Think Blue.": Оттука, секој нов мотор со Euro 6 е сериски опремен со Start-Stopp систем, систем за повторно добивање енергија при сопирање, систем за помош при поаѓање по нагорнини и гуми оптимирани на отпор при тркалање.

Start-Stop систем
Тој Ви помага при економичен начин на возење и го исклучува моторот при работење во лер. Токму во градскиот сообраќај тоа може да ја намали потрошувачката на гориво.

Систем за повторно добивање енергија
При сопирањето се добива енергија на триење и со помош на генератор таа се претвора во електрична енергија. Ова е достапно исклучиво за електричните потрошувачи.

Close