Мени
Затвори мени
Start Video

Новото Caddy Cargo

Подготвенo за секој предизвик!

Без разлика дали се работи за испорака на пратки, трговија или градежништво: Во вашата работа секогаш размислувате за напредок. Оваа цел ја следи и новото Caddy Cargo. Со нов, возбудлив дизајн, најмодерни системи за помош на возачот, иновативен инфо-забавен систем и ергономско работно место за возачот, новото Caddy Cargo е доверливо, флексибилно и напредно. Caddy е совршениот партнер кога се работи за удобно и професионално совладување на предизвиците на Вашето работно секојдневие.

Комфорно, интелигентно, флексибилно

Внатрешен простор

Повеќе место за сè

Петтата генерација на сестраното возило ќе Ве воодушеви со нови решенија од високата технологија и значително повеќе место. Долгата верзија - Caddy Cargo Maxi - покрај лизгачка врата проширена за 140 mm, сега на пример нуди простор и за до две палети. Покрај тоа, новото Caddy Cargo се истакнува со метална задна крилна врата, посебно затворање на просторот за товарање, електрична помош за затворање на задната врата и на лизгачките врати и многу повеќе.

Дигитални прикази

Преглед на сè

Дисплејот на дигиталниот кокпит е јасно и контрастно обликуван и има дијагонала на екранот од 25,4 cm. Возачот може да избира помеѓу три различни порикази на екранот. Тоа се врши преку копчето View на новиот мултифункционален управувач. Во првиот приказ, во кружните инструменти интерактивно се прикажуваат мерач на број на вртежи и тахометар; на средината на екранот се појавува ниво кое може индивидуално да се избере - телефонскиот именик на паметниот телефон. Дигиталниот кокпит се поврзува заедно со врвниот инфо-забавен систем како максимално ниво на проширување на Innovision кокпитот со многубројни дополнителни функции.

Работно место за возачот

Особено ергономско

За сите верзии на новото Caddy стојат на располагање нови и особено ергономски седишта: таканаречените AGR Ergo седишта (AGR = Здружение за Здрав Грб). Тие се специјално создадени за деловни фреквентни возачи и оние кои одат на долги патувања. AGR седиштата можат повеќекратно да се приспособат: покрај поставувањето на должината и висината, тие нудат и индивидуално поставување на накосувањето на седиштата, како и четири начини на лумбална потпора. Покрај тоа, Caddy Cargo располага со седиште за совозачот кое може да се спушта со функција за масичка, приклучок од 230 волти, потпирачи за раце за возачот и совозачот, LED осветлување на внатрешниот простор и на просторот за товарање, и многу повеќе.

Мотор

Економично и комфорно

Новото Caddy Cargo по избор може да има погон на дизел или бензин. Тоа се мотори од новото ниво на еволуцијата, кое веќе во 2020 година го исполнуваат стандардот за издувни гасови Euro 6 од 2021 година и се опремени со филтри за честички. Зависно од верзијата на погон, потрошувачката на новото Caddy во споредба со претходниот модел би можела да се намали и до 12 %.

Модерни системи за помош на возачот

Автоматски повеќе Комфор

Со опционалните модерни системи за помош на возачот, во новото Caddy Cargo можете сосема релаксирано да уживате во секое возење кон состанокот со клиентот или за време на испорака: Благодарение на системот за помош при промена на коловозна лента, предупредувањето за сообраќај одзади, системот за помош за приколка и системот за помош при возењето со систем за итен случај, ќе патувате секогаш безбедно.

Самоуверениот Caddy Cargo

Инфоматеријал за новото Caddy 5

Потребен ви е ценовник, или сакате да го разгледате каталогот?
Превземете ги материјалите на вашиот мобилен телефон, компјутер или таблет во секое време.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team