Caddy

СÈ ОСТАНУВА ВО СЕМЕЈСТВОТО. ДВАЈЦА НА ПАЗАРУВАЊЕ, ПЕТОРИЦА НА ЛЕТЕН ОДМОР, СЕДМОРИЦА НА ДЕТСКИ РОДЕНДЕН: CADDY ГО ЗЕМА ЖИВОТОТ, ОНАКОВ КАКОВ ШТО Е. БЕЗБЕДЕН, ФЛЕКСИБИЛЕН И РАЗНОВИДЕН КАКО И НЕГОВИТЕ ПРЕТХОДНИЦИ, СЕГА – ВО ЧЕТВРТАТА ГЕНЕРАЦИЈА – СЕ ПОКАЖУВА КАКО УШТЕ ПОКОМФОРЕН И ПОШТЕДЛИВ. ТОА ГО ПРАВИ ДА БИДЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО ВОЗИЛО – И ALLROUNDER ДО СОВРШЕНСТВО.

ГАЛЕРИЈА

ДОЖИВЕЈТЕ ГИ ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА CADDY ОД РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ.

ДОЖИВЕЈТЕ ГИ ВРВНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА CADDY ОД РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ.

ФИЛМ НА ПРОИЗВОДИ

CADDY ВО АКЦИЈА.

Доживејте ги предностите на Caddy.

ПРИСТИГНЕТЕ ОПУШТЕНИ. CADDY НУДИ ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ СИСТЕМИ ЗА РАДИО И НАВИГАЦИЈА КАКО И МОБИЛНИ ОНЛАЈН УСЛУГИ, СО КОИ СТЕ УШТЕ ПОДОБРО ИНФОРМИРАНИ. МОДЕРНИТЕ СИСТЕМИ ЗА ЛАДЕЊЕ И КЛИМАТИЗАЦИЈА СЕ ГРИЖАТ ЗА ПРИЈАТНА КЛИМА.

Car-Net
Системи за радио и навигација
Повеќефункциски управувач и индикатори
Греење и клима-системи
МОБИЛНО МРЕЖНО ПОВРЗАНИ

НАЈАКТУЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ НА СЕКОЕ ВОЗЕЊЕ.

Со мобилните онлјан услуги на Car-Net го поврзувате Вашиот Caddy со Вашиот паметен телефон како и со интернет и имате пристап до актуелните информации како застој, бензински станици, паркиралишта и многу повеќе.

INFOTAINMENT, ШТО ВООДУШЕВУВА

ПРИСТИГНЕТЕ ЗАБАВНО ДО ВАШАТА ЦЕЛ.

Системи за радио и навигација од најновата генерација: сите Infotainment системи за Caddy воодушевуваат со лесниот начин на ракување и добриот звук. Интелигентните функции, како што се серискиот интерфејс за мобилен телефон се грижат за дополнителен комфор.

СÈ НА ДОФАТ

МНОГУ КОМФОРНО ЌЕ УПРАВУВАТЕ СО CADDY И НЕГОВАТА ТЕХНОЛОГИЈА.

Управувајте комфорно со мултимедијалниот систем, телефонот и брзината преку повеќефункцискиот управувач и освен тоа, дозволете на повеќефункцискиот индикатор да Ви се прикажат актуелните информации како што се просечната потрошувачка, преостанатата километража и многу повеќе.

ЕДНОСТАВНО ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ ДОБРО

УЖИВАЈТЕ ВО ПРИЈАТНА ТЕМПЕРАТУРА ВО ВНАТРЕШНИОТ ПРОСТОР.

Модерни клима-уреди со само едно вртење ја регулираат температурата на внатрешниот простор и во топлите денови се грижат за свеж воздух. Греењето на седишта монтирано во предните седишта, во ладните денови создава пријатно чувство. Притоа, загревањето на предното стакло гарантира добра видливост при секакви временски услови.

ДОБРО ВЕ ПРИДРУЖУВА НА ПАТ. CADDY РАСПОЛАГА СО ОБЕМНА БЕЗБЕДНОСНА ОПРЕМА И МОЖЕ ПО ЖЕЛБА ДА СЕ ОПРЕМИ СО МНОГУБРОЈНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ, КАКО ШТО СЕ PARKPILOT И АВТОМАТСКОТО РЕГУЛИРАЊЕ НА РАСТОЈАНИЕТО ACC.

Сопирачка за повеќекратен судир
Воздушни перничиња
Помош при паркирање
Автоматско регулирање на растојанието ACC
Уред за регулирање со вклучено ограничување на брзината „Front Assist“
БЕЗБЕДНОСТ УШТЕ ВО СЕРИСКАТА ОПРЕМА

ПОМОШ ВО КРИТИЧНИ СИТУАЦИИ.

Сериската сопирачка за повеќекратен судир, го воведува процесот на сопирање, за во идеален случај да се избегне последователен судир¹. Сопирачката за повеќекратен судир се активира, кога двата еден од друг независни сензори препознаваат незгода. По кратко одложување возилото постепено се запира на 10 km/h, при што возачот може во секое време повторно да ја преземе контролата.

¹ Во рамките на границите на системот.

БЕЗБЕДНИ НА ПАТ

ДЕЛУВА НА ВАШАТА БЕЗБЕДНОСТ.

Caddy е сериски опремен со воздушно перниче за возач и совозач како и со странични воздушни перничиња за глава. Од линијата на опрема Trendline, сериските воздушни перничиња за глава им нудат на патниците што седат во задниот дел на надворешните седишта заштита од страничен судир.

ПОМАГА

ВИ ГО ОЛЕСНУВА ПАРКИРАЊЕТО.

Било да е ParkPilot, камерата за помош при возење наназад или системот за помош во управување при паркирање: паметните системи за помош при паркирање акустично Ве предупредуваат при паркирањето за препреки, го олеснуваат маневрирањето и дури за Вас го преземаат и сопирањето.

ОДРЖУВА РАСТОЈАНИЕ

ВАШИТЕ ПАМЕТНИ ПОМОШНИЦИ ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

По желба достапниот систем за автоматско регулирање на растојанието ACC автоматски ја прилагодува брзината кон возилото пред Вас¹ и го одржува растојанието зададено од возачот. Притоа, не се пречекорува поставената брзина. Веќе го содржи системот за набљудување на околината "Front Assist".

Систем за набљудување на околината "Front Assist" со City-функција за вонредно сопирање²

Системот за набљудување на околината, со помош на радарски систем помага да се скрати патот на сопирање¹ при препознаени критични ситуации на растојание. Во препознаени опасни ситуации го предупредува возачот оптички и акустично, како и со притисок врз сопирачката.

¹ Во рамките на границите на системот.
² До 30 km/h.

ГО ОДРЖУВА ВАШЕТО ТЕМПО

ВОЗЕТЕ ПОРЕЛАКСИРАНО И СО ПОМАЛА ПОТРОШУВАЧКА.

Серискиот уред за регулирање на брзината со вклучен уред за ограничување на брзината, зависно од нагорнините и надолнините, при брзина од 30 km/h го одржува саканото темпо¹ односно ја ограничува максималната брзина на индивидуално поставена вредност.

¹ Во рамките на границите на системот.

МОЌЕН И ШТЕДЛИВ. ВО CADDY ВЕ ОЧЕКУВА ГЕНЕРЕАЦИЈА НА МОТОРИ, КОЈАШТО Е ОСОБЕНО ШТЕДЛИВА И ТИВКА ПРИ РАБОТЕЊЕТО – А ПРИТОА ГАРАНТИРА ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕТО. ИСТО ТАКА, СИТЕ МОТОРИ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ИЗДУВНИ ГАСОВИ EURO 6.

Техника на мотори
TGI-мотор
Менувач со двојна спојка DSG
Погон на сите тркала 4MOTION
Caddy TDI BlueMotion
МОЌЕН И ШТЕДЛИВ

ВОЗЕТЕ ПОВОЛНО КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА.

Било да се современите TSI-мотори со своите особено ефикасни и моќни погони или TDI-моторите со мала потрошувачка: сите се сериски опремени со BlueMotion Технологија и го исполнуваат стандардот за издувни гасови Euro 6.

БЕЗБЕДЕН И ПОВОЛЕН

ШТЕДЕТЕ ОДРЖЛИВО ПРИ ВОЗЕЊЕТО СО ПРИРОДЕН ГАС.

Кој сака да штеди, го вози Caddy TGI BlueMotion. Тој ефикасно согорува Compressed Natural Gas (CNG)¹ и бензин и при целосно полни резервоари го започнува возењето во најповолниот CNG-режим.

¹ Можни горива се природен гас, биометан и метан од еколошка струја.

ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ

УЖИВАЈТЕ ВО ГОЛЕМИОТ КОМФОР ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

Менувачот со 6 степени (75 kW/102 КС, 110 kW/150 КС) односно менувачот со 7 степени (92 kW/125 КС), благодарение на интелигентната техника на менување степени, во идеален момент префрлува во следниот претходно избран степен. Резултатот: поголем комфор при возењето без прекин на влечната сила. По желба, можете во секое време сами да ги поставувате степените со лесно притискање.

ОПРЕМЕН ЗА СÈ

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ПОГОЛЕМАТА СТАБИЛНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

Надвор на воздух, внатре во природа. Caddy, со опционалниот погон на сите тркала 4MOTION Ве носи на најубавите места - со опционална тракција и подобра безбедност при возење по кривини.

ШТЕДЛИВ КАО НИКОГАШ ДОСЕГА

ПРОФИТИРАЈТЕ ОД УШТЕ ПОМАЛАТА ПОТРОШУВАЧКА.

Caddy TDI BlueMotion троши уште помалку од неговиот претходник: Просечната потрошувачка од 4,2 l дизел на 100 km и комбинираната емисија на CO2 од 109 g/km го прават моделот да биде најштедливото Caddy патничко возило, коешто било кога сме го конструирале.

СЕ ПРИЛАГОДУВА ФЛЕКСИБИЛНО. ВО CADDY ОЧЕКУВАЈТЕ И ДО СЕДУМ УДОБНИ СЕДИШТА ИЛИ ПО ПОТРЕБА И ПОВЕЌЕ ПРОСТОР БЛАГОДАРЕНИЕ НА СКЛОПЛИВИТЕ ОДНОСНО МОБИЛНИТЕ ЗАДНИ КЛУПИ. УШТЕ ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ОБЕЗБЕДУВА И ДЛАБОКАТА КРОВНА ГАЛЕРИЈА.

Прегради
Места за седење
Решенија за задниот дел
Безбедност на товар
ШТЕДЕЈЌИ ГОРИВО

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПРАКТИЧНИОТ ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ.

Дали за помали или поголеми предмети: Caddy располага со доволно можности, за да се стават или сместат предметите.

ФЛЕКСИБИЛЕН

СКЛОПЕТЕ, НАМОТАЈТЕ, ДЕМОНТИРАЈТЕ.

Внатрешниот простор на Caddy секој ден одново се прилагодува на Вашите потреби. Дали сакате да превезувате 7 лица, да правите големи пазарувања или треба да транспортирате помали делови на мебел.

РАЗНОВИДЕН

ТОВАРАЈТЕ И РАСТОВАРАЈТЕ ПО ВАША ЖЕЛБА.

Caddy се покажува како разновиден: изберете ја по Ваша желба задната врата со прозор или практичните крилни задни врати.

ИДЕАЛНО ОСМИСЛЕНО

ЗАШТИТЕТЕ ГО ВАШИОТ ТОВАР.

За безбедно прицврстување и транспорт на Вашиот товар во Caddy Ви стојат на располагање практични окца за прицврстување и мрежна разделна преграда.

ИНФОМАТЕРИЈАЛ & ДРУГИ ЧЕКОРИ