ЗАДЕН КАПАК СО ПРОЗОР

Лесно пристапниот заден капак со прозор може да се отвори со една рака. Кога е отворен Ви нуди заштита од дожд и силно сонце додека товарате и растоварате. Над задниот капак е интегрирано трето стоп-светло. Задниот капак е секогаш опремен со новиот систем за затворање Softtouch.

ЗАДНИ ВРАТИ СО ПРОЗОР

Опционалните задни крилни врати со прозор во висина на покривот се поделени во однос 2⁄3 на 1⁄3 и достигнуваат максимален агол на отворање од 180°. Тие можат во отворена состојба поединечно да се заглават за да можете по потреба да транспортирате и подолги предмети. Ве молиме имајте предвид, дека при нарачката на задните крилни врати, носачот на светлото за регистарската табличка е од црна пластика.

СИСТЕМ ЗА ЗАТВОРАЊЕ SOFTTOUCH

Со помош на копче на долната страна на носачот на светло за регистарската табличка, задната врата се отвора лесно како од шега.

Close