КЛИМА-УРЕД

Полуавтоматскиот клима-уред може да се регулира на нивоа и секогаш се грижи за пријатна температура во внатрешниот простор. Благодарение на големите ергономски копчиња, за време на возењето можат едноставно да се регулираат и степените, распределбата на воздухот и бројот на вртежи на вентилаторот.

 

Сериска опрема кај Caddy Trendline и Comfortline.

КЛИМА-УРЕД "CLIMATRONIC"

Клима-уредот "Climatronic" електронски ја регулира температурата со помош на сензор во внатрешниот простор и притоа постојано ја изедначува актуелната температура со потребната вредност. Благодарение на регулирањето на температурата во 2 зони, топлината за возачот и совозачот може одделно да се постави до степен. Истовремено, еден сензор за воздух го набљудува квалитетот на надворешниот воздух и по потреба автоматски го активира режимот на затворена циркулација на воздухот.

 

Сериска опрема кај Caddy Highline.

ГРЕЕЊЕ НА ПРЕДНИ СТАКЛА

Електричните грејни жици интегрирани во ветробранското стакло при ладно и влажно време се грижат за добра видливост нанапред. Опционалното загревање на предното стакло е достапно само заедно со пакетот Светло & Видливост.

ГРЕЕЊЕ НА СЕДИШТА

Во површините за седење и наслонување на предните седишта вградено е греење, коешто може да се постави одделно за седиштето на возачот и на совозачот. Откако ќе се активира палењето, можете да изберете меѓу трите нивоа на греење.

Сериска опрема кај Caddy Highline. Опционално достапен за Caddy Comfortline, Caddy Trendline и Caddy Conceptline.

Close