ПОВЕЌЕФУНКЦИСКИ КОЖЕН УПРАВУВАЧ

Опционалниот повеќефункциски кожен управувач лежи особено добро во рацете и убедува со својата едноставност за ракување. Преку копчињата можете да ги управувате на пр. системот за радио или навигација, Вашиот мобилен телефон или уредот за регулирање на брзината.

 

Сериска опрема кај Caddy Highline. Опционално достапен за Caddy Conceptline, Caddy Trendline и Caddy Comfortline.

ПОВЕЌЕФУНКЦИСКИ ИНДИКАТОР

Повеќефункцискиот индикатор ги прикажува актуелните информации, меѓу другото и времето на часовникот, преостанатата километража, надворешната температура, просечната потрошувачка и препораката за степен за ефикасен начин на возење.

 

Сериска опрема кај Caddy Trendline. Посебна опрема по дополнителна цена за Caddy Conceptline.

ПОВЕЌЕФУНКЦИСКИ ИНДИКАТОР "PLUS"

По желба достапен е и повеќефункцискиот индикатор "Plus". Покрај функциите на повеќефункцискиот индикатор, заедно со нив може да се регулира и опционалното дополнително загревање на вода и да се постави опционалниот пакет Светло & Видливост. Освен тоа, тој во комбинација со системот за навигација нуди и едноставна навигација со стрелки.

 * Сериска опрема кај Caddy Comfortline, Caddy Highline, Caddy TGI BlueMotion и кај Caddy со погон на сите тркала 4MOTION. Посебна опрема по дополнителна цена за Caddy Conceptline и Trendline.

Close