РАДИО СИСТЕМ "COMPOSITION AUDIO"

Радио системот "Composition Audio" опфаќа еднобоен TFT-дисплеј, со моќност од 2 x 20 Watt со четири звучници¹, една преграда за SD-картички, AUX-IN-интерфејс и USB-интерфејс.

Сериска опрема кај Caddy Conceptline и Caddy Trendline
¹ Два звучника кај Caddy Conceptline.

РАДИО СИСТЕМ "COMPOSITION COLOUR"

Радио системот "Composition Colour" опфаќа TFT екран во боја со големина од 12,7 cm (5 инчи), CD-читач компатибилен за MP3 и WMA, шест звучници со моќност од 4 x 20 Watt¹, една преграда за SD-картички, AUX-IN-интерфејс, меѓу другото и USB-интерфејс компатибилен за iPhone како и двоен тјунер со PhasenDiversity за најдобар можен радио-прием.

 

Сериска опрема кај Caddy Comfortline и Caddy Highline. Опционално достапен за Caddy Conceptline и Caddy Trendline.
¹ Два звучника кај Caddy Conceptline.

РАДИО СИСТЕМ "COMPOSITION MEDIA"

По желба достапниот радио систем "Composition Media" опфаќа TFT- дисплеј во боја со големина од 16,5 cm (6,33 инчи), екран на допир со сензорика на приближување, CD-читач компатибилен за MP3 и WMA, моќност од 4 x 20 Watt со шест звучници¹, двоен тјунер со PhasenDiversity за најдобар можен радио-прием, преграда за SD-картички, AUX-IN-интерфејс како и меѓу другото USB-интерфејс компатибилен за iPhone. За овој радио систем по желба е достапна и мобилната онлајн услуга Car-Net App-Connect².

 

¹ Четири звучници кај Caddy Conceptline.
² Посебна опрема по дополнителна цена заедно со радио системите "Composition Media" и системите за навигација "Discover Media" и "Discover Media Plus". Компатибилен со технологиите MirrorLink™, CarPlay™ и Android Auto™. Ве молиме проверете, дали Вашиот краен уред е компатибилен со Car-Net App-Connect. Користењето на Car-Net App-Connect Apps се врши исклучиво преку Вашиот мобилен телефон. Ве молиме почитувајте ги Вашите договорни услови во врска со податочната и интернет врска.

СИСТЕМ ЗА НАВИГАЦИЈА "DISCOVER MEDIA"

Дополнително кон функциите на радио системот "Composition Media" интегрирана е и втора преграда за SD-картички, којашто ја вчитува SD-картичката со материјалот за мапи. За инсталираниот материјал за мапи за Европа, со Volkswagen MapCare достапни се и бесплатни ажурирања преку интернет страницата на Volkswagen. Заедно со опционалните мобилни онлајн услуги Car-Net Guide & Inform¹ преку интернет постојано се повикуваат актуелни податоци и информации.

 

¹ Достапен само заедно со системот за навигација "Discover Media".
Користење од четвртата година по дополнителна цена. За интернет врска потребен е мобилен WLAN-рутер во сопственост на клиентот (на пр. паметен телефон со HotSpot функција) или соодветен USB-стик за мобилна мрежа (на пр. Volkswagen CarStick) заедно со SIM-картичка во сопственост на клиентот со тарифа за интернет податоци.

ИНТЕРФЕЈС ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН "COMFORT"

Специјалната преграда за Вашиот мобилен телефон е опционално достапна и располага со поврзување со надворешната антена без кабел за оптимирање на квалитетот на испраќање и прием на мобилната мрежа. Исто така, и полнењето со помош на интерфејсот за мобилен телефон "Comfort" се одвива сосема едноставно: за тоа телефонот мора да биде поврзан со  USB-интерфејсот, којшто исто така се наоѓа во преградата.

 

Посебна опрема по дополнителна цена и достапен само заедно со радио системите "Composition Colour" и "Composition Media" како и со системот за навигација "Discover Media".

Close