Надвор од секојдневието. Внатре во слободното време.
Погледнете го одморот од една сосема поинаква перспектива. Кога и каде сакате. Сеедно дали е спонтан излет или големи тури за истражување - со Caddy Beach сте совршено опремени за секакво слободно време. И ќе уживате целосно во слободата.
Комфорен автомобил за слободното време Возбудата расте
Слободното време е време за одмор. Со Caddy Beach ќе ја искористите секоја минута од него. Израдувајте се на сериските перформанси на ентериерот како што се широкиот кревет на склопување, непроѕирната завеса на навлекување за предното стакло, завесите со магнет за страничните прозорци, практичните џебови за оставање предмети, масичките на склопување за задните седишта и многу други детали, коишто релаксирањето го прават што е можно поедноставно.
Пакет „Camping“ Мал стан. Голема слобода.
Дома е сепак најубаво. А каде ќе биде тоа, одредувате само Вие: проширете го едноставно Caddy Beach како Ваша мобилна викендичка – со опционалниот пакет „Camping“. Секогаш со Вас: шатор со големина 2,3 x 2,0 m за задната врата, две стола на расклопување, масичка и решетка за вентилација за лизгачката врата. А со магнетната или со мини-џебната ламба можете да уживате во секој ден од одморот и по заоѓањето на сонцето.
Пакет „Alltrack“ Подготвен од самиот почеток
Патникот не смее да го спречи ништо. Дури ни лошите услови во сообраќајот ниту неповолните временски услови. Со опционалниот пакет „Alltrack“ ќе бидете најдобро опремени за Вашите тури: Тој, меѓу другото, содржи 17-инчни тркала од лесен метал „Quito“, заштита на подвозје во дизајн со црна боја и сребрени маски, фарови за магла како и робустни капаци на каросеријата. Притоа, кровните шини Ви го олеснуваат монтирањето на носачите за велосипеди или багаж, додека затемнувањето на стаклата за приватност што апсорбира светлина се грижи за уште поголем комфор при возењето. Тогаш, може да тргнете!