Мени
Затвори мени

Caddy комби

 

Профил за сите бранши

Прилично солиден тип, Caddy комби: ретко кое друго возило во неговата класа ги обединува варијабилноста и флексибилноста на толку совршен начин - и притоа цврсто стои на земја. Отпорниот внатрешен простор може по желба да се прошири од пет на седум седишта, но со неколку зафати може и да се претвори во двосед со голем товарен простор. На тој начин, во Caddy комби сте опремени за скоро секоја задача.

Направете самите слика од Caddy комби

Варијанти на опрема

Осмислен систем за сместување

Сè во најдобар ред

Оној на којшто му се брза, не сака долго да бара. Поради тоа, Caddy комби располага со осмислен систем за сместување со прегради и површини за сместување со различни димензии. Работни ракавици, кутија со ручек или метро на склопување - тука има место за сè.

Функционален ентериер

Возило што се приспособува

Вам Ви е познато: секој работен налог е различен. Понекогаш, во возилото има цела екипа, а понекогаш има многу материјал. Поради тоа, Caddy комби е толку многу флексибилен. Тој за миг може да се претвори од комфорно возило со пет седишта, во вистинско возило за испорака.

Висок степен на безбедност

Побезбедни до целта

Безбедноста е на прво место, без разлика дали работите на големи висини или со тежок апарат, или при лоши временски услови во хектичното централно градско подрачје. Поради тоа, Caddy комби е првиот во неговата класа со сериски воздушни перничиња за возачот и совозачот и странични воздушни перничиња за глава и сопирачка за спречување повеќекратен судир. Верувајте и на интуицијата.

Мобилни онлајн услуги

Дознајте го веднаш она што треба да го знаете

Вашата работа е доволно возбудлива. Со Car-Net App-Connect и Car-Net Guide & Inform, ќе заштедите време, пари и понекогаш и нерви со тоа што на пр. ќе бидете информирани за актуелната состојба на сообраќајот, слободните места за паркирање или поволните бензински станици.

Погон на сите тркала 4MOTION

Работи енергично кога тоа е потребно

Caddy комбе со опционалниот погон на сите тркала 4MOTION работи совршено и на влажни, снежни, нечисти или оштетени патишта. Неговата спојка за сите тркала ја распределува погонската сила на тркалата со подобра тракција - за поголема безбедност во кривини и прецизно управување. Инаку, Caddy комби е единствен во неговата класа што Ви нуди фабрички постојан погон на сите тркала. Други предности и можности:

  • Во комбинација со моќниот турбодизел мотор со 90 kW /122 КС, постојаниот погон на сите тркала одлично се вклопува и при користењето приколка.
  • Комбинацијата од мотор од 2,0 l (110 kW/150 КС), менувач со двојна спојка DSG и погон на сите тркала 4MOTION, дополнително го зголемува комфорот при возењето.

Осмислен до секој детаљ

До седум седишта. Голем број прегради. Сè со најдобар квалитет.

Сите карактеристики

Понуда на простор

Назад кон прегледот

Понуда на простор

Без разлика дали со Вас мора да се вози целата екипа или голема количина материјал, благодарение на флексибилните седишта и различните решенија за товарање, Caddy е подготвен за сè.

Екстериер

Назад кон прегледот

Екстериер

Прецизни линии, динамичен преден дел и многу други корисни детали: Caddy веднаш ја покажува својата компетентност.

Ентериер

Назад кон прегледот

Ентериер

Комфорно на работа. Релаксирано после работата. Caddy одушевува и однатре со квалитетот на обработката и бројните дополнителни опции.

Функција

Назад кон прегледот

Функција

И додека патувате, нека Ви биде удобно со најмодерната технологија: тоа го овозможуваат најмодерниот Infotainment, иновативните онлајн услуги, повеќефункциските кожни управувачи и повеќефункциските прикази.

Системи за помош

Назад кон прегледот

Системи за помош

Пристигнете покомфорно до цела: модерни безбедносни системи и системи за помош на возачот размислуваат заедно со Вас додека возите и може да избегнат критични ситуации.

Рекламно видео

Доживејте ги предностите на Caddy.

Start Video

Информативен материјал за Caddy Комби 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team