ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА 4MOTION

Предностите особено јасно се покажуваат на патишта мокри од дожд или покриени со снег, како и на валкани и оштетени делови од коловозот. Во тие случаи, спојката на сите тркала веднаш ја распределува погонската сила на тркалата со подобра тракција. На тој начин, таа видливо придонесува за потивко работење, зголемена безбедност при возењето по кривини и попрецизно маневрирање.

Но, исто така и кај режимот со приколка, перманентниот погон на сите тркала целосно ги покажува своите силни страни, на пример заедно со моќниот турбо дизел мотор од 90 kW/122 КС. Кој сака уште поголем комфор при возењето, едноставно ќе го избере 2,0 l TDI моторот (110 kW/150 КС) и ќе го искомбинира менувачот со двојна спојка DSG со погонот на сите тркала тркала 4MOTION. Оваа можност ја има во сегментот на компактните возила за градска достава, имено само кај Caddy.  

Посебна опрема по дополнителна цена.

Close