VW CADDY КОМБЕ: VOLKSWAGEN CAR-NET

Car-Net Guide & Inform¹ - тоа се мобилни онлајн услуги, коишто за Вас ќе ги пронајдат најактуелните информации од интернет за заобиколување на застој или за бензински станици, паркиралишта и многу повеќе. Достапни се следните услуги: вести, мои посебни цели, онлајн вчитување на цели, онлајн пребарување на посебни цели, онлајн информации за сообраќајот, бензински станици, паркиралишта, временска прогноза.

 

Со апликацијата Car-Net App-Connect² можете да рефлектирате избрани апликации за паметен телефон преку USB-интерфејс на дисплејот на системот за радио или навигација и да ги користите за време на возењето. Достапни се следните апликации: Shared Audio, My Guide, Call & Remind, Drive & Track. Дополнително, постојат и други апликации од партнерите за соработка.

-> Mehr über Car-Net

-> Zum Car-Net Kundenportal

¹ Достапен само заедно со системите за навигација "Discover Media" и "Discover Media Plus". Користење од четвртата година по дополнителна цена. За интернет врска потребен е мобилен WLAN-рутер во сопственост на клиентот (на пр. паметен телефон со HotSpot функција) или соодветен USB-стик за мобилна мрежа (на пр. Volkswagen CarStick) заедно со SIM-картичка во сопственост на клиентот со тарифа за интернет податоци.

² Само заедно со радио системот "Composition Media" и системите за навигација "Discover Media" и "Discover Media Plus". Користењето на апликацијата Car-Net App-Connect бара еднократно плаќање со порачувањето на дополнителната опрема. Повеќе информации за тоа кај Вашиот партнер за Volkswagen Комерцијални возила. Апликацијата Car-Net App-Connect е компатибилна со технологиите MirrorLink™, CarPlay™ и Android Auto™. Ве молиме проверете, дали Вашиот краен уред е компатибилен со Car-Net App-Connect. Користењето на Car-Net App-Connect Apps се врши исклучиво преку Вашиот мобилен телефон. Ве молиме почитувајте ги Вашите договорни услови во врска со податочната и интернет врска.

Close