PARKPILOT

Опционалниот ParkPilot акустично предупредува при паркирање за препознаените препреки одзади¹, а растојанието до препреките го прикажува исто така и оптички на дисплејот².

 

¹ Во рамките на границите на системот.
² Во зависност од верзијата на системот за радио или навигација. Достапен од радио системот "Composition Colour" или повисока верзија.

КАМЕРА ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД "REAR VIEW"

Опционалната камера за помош при возење наназад "Rear View"  го олеснува паркирањето¹, така што на дисплејот на системот за радио или навигација² илустрира ограничена слика на областа зад возилото. Дополнителни статички помошни линии го помагаат процесот на паркирање. Камерата за помош при возење наназад е достапна само во комбинација со задната врата.

 

¹ Во рамките на границите на системот.
² Во зависност од верзијата на системот за радио или навигација. Достапен од радио системот "Composition Colour" или повисока верзија

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ВО УПРАВУВАЊЕ ПРИ ПАРКИРАЊЕ "PARK ASSIST"

Опционалниот систем за помош во управување при паркирање "Park Assist" го совладува паркирањето во повеќе потези кај попречни и надолжни места за паркирање¹. По поставувањето на степенот за возење наназад, возилото самостојно го презема управувањето. Возачот во одредени случаи го активира куплунгот, педалот за гас и сопирачката.

 

¹ Во рамките на границите на системот.

Close