Во Вашата професија, сè мора да биде под конец. Поради тоа, Caddy Ви помага со осмислен систем на прегради. На тој начин, сè што Ви е потребно секогаш ќе Ви биде при рака - од алатките, па сè до чашата со кафе.
Кабината за возачот на Caddy комби Ви нуди многу прегради и површини за сместување со различни големини. За сето она што го носите со себе во долгиот работен ден.
Веднаш над седиштата на возачот и совозачот, се отвора кровна галерија долж целата ширина на возилото. Невидлива однадвор, таа нуди доволно простор за работните ракавици, метрото или кутијата со ручекот.