Лоша видливост при замаглено ветробранско стакло? Мрзнете на состаноци надвор во студената возачка кабина? Со нашите системи за загревање, и во студените месеци по пат ќе Ви биде топло и удобно.
По желба, електричните грејачи интегрирани во ветробранското стакло овозможуваат добра прегледност нанапред дури и при ладно и влажно време. Загревањето на предното стакло е достапно само во комбинација со пакетот Светло и видливост.
Опционалното греење на седиштата е вметнато во површините за седење и потпирање на предните седишта и може одделно да се постави за седиштето на возачот и за седиштето на совозачот. Штом се вклучи палењето, може да се изберат три степени на греење.