Caddy располага со обемна безбедносна опрема и по желба може да се опреми со бројни системи за помош на возачот, како што е автоматското регулирање на растојанието ACC.
Автоматски ја приспособува брзината на возилото пред Вас и притоа го одржува растојанието зададено од возачот. Притоа не се пречекорува поставената брзина. Веќе го содржи системот за набљудување на околината "Front Assist".
Преку радарски систем, тој при препозната критична ситуација во однос на растојанието, помага да се скрати растојанието потребно за сопирање. При препозната опасна ситуација, го предупредува возачот визуелно и акустично, како и со кратко сопирање.
При случајно напуштање на коловозната лента, управува кон спротивниот правец и истовремено го предупредува возачот со звук, како и со напомена на повеќефункцискиот индикатор.
Автоматски го намалува светлото доколку има возила пред Вас или отспротива, пред истите да бидат заслепени. По брзина од 60 km/h и при целосна темнина, долгото светло самостојно се вклучува при претходно активиран систем. Регулирањето на долгото светло е достапно само во комбинација со пакетот Светло и видливост и повеќефункцискиот индикатор "Plus".
При лоши временски услови, овозможуваат оптимална видливост. При вртење, конкретниот фар од внатрешната страна на кривината го осветлува работ на патот.
Преку визуелни и акустични сигнали, препорачува пауза штом кај возачот препознае однесување коешто упатува на умор.
Препознава со која брзина се притиснува на педалот за сопирање. При рефлексно или итно сопирање, побрзо се создава целосниот притисок при сопирање.
Автоматски се вклучува со активирање на палењето и на дневна светлина го намалува ризикот од незгоди.
Предупредува при евентуална загуба на притисок во гума и му напомнува на возачот што е можно поскоро да го провери притисокот во гумата.
Зависно од нагорнината и надолнината, по брзина од 30 km/h, помага во одржувањето на саканата брзина односно ја ограничува максималната брзина на индивидуално наместената вредност.
Ги регистрира сообраќајните знаци во патниот сообраќај и го информира возачот за актуелната ситуација во сообраќајот.
На нагорнини, може да го спречи несаканото враќање назад на возилото со одржување на притисокот на сопирање до две секунди. При поаѓањето, ракувањето станува едноставно.
Im Rahmen der Grenzen des Systems.
Der Fahrer muss jederzeit bereit sein, das Assistenzsystem zu übersteuern, und wird nicht von seiner Verantwortung entbunden, das Fahrzeug umsichtig zu fahren.