Ја совладува скоро секоја задача
Без разлика дали станува збор за итна испорака или важен разговор со клиентите - веќе итате кон следниот термин. Секогаш покрај Вас: Caddy Товарно. Флексибилен, функционален и сестран, тој Ви помага секој ден во скоро секоја ситуација. Со неговите компактни димензии, Caddy е совршено погоден за Вашите работни налози низ градот. Благодарение на неговата пространост, тој е и вистинскиот колега за новото градилиште. За што и да го користите, Вашиот професионален настап е загарантиран.
Направете самите слика од Caddy Товарно
Варијанти на опрема
Сè во најдобар ред
Оној на којшто му се брза, не сака долго да бара. Поради тоа, Caddy Товарно располага со осмислен систем за сместување со прегради и површини за сместување со различни димензии. Работни ракавици, кутија со ручек или метро на склопување - тука има место за сè.
Флексибилен како Вас
Секој работен налог носи нов предизвик за Вас и за Вашиот тим. Флексибилниот внатрешен простор на Caddy Товарно е подготвен за сè: големи подни простирки, различни преградни ѕидови или кабинети за алат - оформете го товарниот простор според Вашите потреби.
Порелаксирано низ градот
Бел Caddy фургон вози динамично низ прометниот град. Во тесните улици или во хектичното централно градско подрачје: доколку загусти, во Caddy Товарно Ви помагаат бројни иновативни системи за помош и безбедносни системи. На тој начин, на дестинацијата ќе пристигнете навреме и пред сè релаксирано.
Се носи и со најтешките задачи
Ова мало возило е навистина многу силно: просторот за товар на Caddy Товарно не само што одушевува со флексибилноста и силината, туку пред сè и со неговиот волумен и неговите можности за товарање. Дури и со кратко растојание меѓу тркалата, тој Ви нуди голем капацитет за товарање, којшто по желба може и уште повеќе да се зголеми. Толку многу место Ви стои на располагање:
-
До 3,2 m3 товарен волумен при мало растојание помеѓу тркалата
- До 3,7 m3 товарен волумен со опционален преграден ѕид што се дели и врти
- До околу 690 kg дозволено оптоварување
- Шест окца за прицврстување
Работи енергично кога тоа е потребно
Caddy фургон со опционалниот погон на сите тркала 4MOTION работи совршено и на влажни, снежни, нечисти или оштетени патишта. Неговата спојка за сите тркала ја распределува погонската сила на тркалата со подобра тракција - за поголема безбедност во кривини и прецизно управување. Инаку, Caddy Товарно е единствен во неговата класа што Ви нуди фабрички постојан погон на сите тркала. Други предности и можности:
-
Во комбинација со моќниот турбодизел мотор со 90 kW /122 КС, постојаниот погон на сите тркала одлично се вклопува и при користењето приколка.
- Комбинацијата од мотор од 2,0 l (110 kW/150 КС), менувач со двојна спојка DSG и погон на сите тркала 4MOTION, дополнително го зголемува комфорот при возењето.
Осмислен до секој детаљ
Секој ден носи бројни предизвици, коишто често бараат брзи, но секогаш професионални решенија. Со Caddy Товарно, на располагање Ви стои возило кое оптимално Ви помага во скоро секоја ситуација.
Сите карактеристики
Товар
Товар
Благодарение на големиот товарен волумен, осмислените решенија во задниот дел и многуте можности за прицврстување на товарот, Caddy Товарно ќе ги донесе Вашите материјали, а секако и Вас, удобно до целта.
Екстериер
Екстериер
Прецизни линии, динамичен преден дел, линеарно оформен заден дел и многу други корисни детали: Caddy Товарно веднаш ја покажува својата компетентност.
Ентериер
Ентериер
Комфорно на работа. Релаксирано после работата. Caddy Товарно одушевува и однатре со квалитетот на обработка и бројните дополнителни опции.
Функција
Функција
И додека патувате, нека Ви биде удобно со најмодерната технологија: тоа го овозможуваат најмодерниот Infotainment, иновативните онлајн услуги, повеќефункциските кожни управувачи и повеќефункциските прикази.
Системи за помош
Системи за помош
Пристигнете покомфорно до целта: модерни безбедносни системи и системи за помош на возачот размислуваат заедно со Вас додека возите и може да избегнат критични ситуации.
Рекламно видео
Доживејте ги предностите на Caddy.