Кога термометарот во лето ќе се качи до 28 степени и сонцето ќе пече во Вашата возачка кабина, сè зависи од клима-уредот што лесно се регулира. Бидејќи тој на Вашето мобилно работно место за миг ќе ја донесе поволната клима.
Клима-уред "Climatronic"
Вам Ви е топло, но Вашиот совозач се
тресе од студ? Клима-уредот "Climatronic" нуди двозонско регулирање на
температурата, како и рачна функција за затворена циркулација на воздух. На тој
начин, двајцата ќе може да ја наместите Вашата индивидуална посакувана температура.
Зависно од сончевото зрачење и надворешната температура, клима-уредот доведува
повеќе или помалку ладен воздух.
Клима-уред
За Caddy, по желба достапен е полуавтоматски клима-уред. Тој може да се регулира
без степени и овозможува во внатрешниот простор секогаш да има пријатна
температура.