Лоша видливост при замаглено ветробранско стакло? Мрзнете на состаноци надвор во студената возачка кабина? Со нашите системи за загревање, и во студените месеци по пат ќе Ви биде топло и удобно.
Загревање на предното стакло
По желба, електричните грејачи
интегрирани во ветробранското стакло овозможуваат добра прегледност нанапред дури и
при ладно и влажно време. Загревањето на предното стакло е достапно само во
комбинација со пакетот Светло и видливост.
Загревање на седиштата
Опционалното греење на седиштата е
вметнато во површините за седење и потпирање на предните седишта и може одделно да
се постави за седиштето на возачот и за седиштето на совозачот. Штом се вклучи
палењето, може да се изберат три степени на греење.