Системи за помош на возачот

Секој ден релаксирано на пат

Caddy располага со обемна безбедносна опрема и по желба може да се опреми со бројни системи за помош на возачот, како што е автоматското регулирање на растојанието ACC.

Автоматско регулирање на растојанието ACC1

Автоматски ја приспособува брзината на возилото пред Вас и притоа го одржува растојанието зададено од возачот. Притоа не се пречекорува поставената брзина. Веќе го содржи системот за набљудување на околината "Front Assist".

Систем за набљудување на околината "Front Assist" со City-функција за итно сопирање (горна илустрација)1
Преку радарски систем, тој при препозната критична ситуација во однос на растојанието, помага да се скрати растојанието потребно за сопирање. При препозната опасна ситуација, го предупредува возачот визуелно и акустично, како и со кратко сопирање.

 

Систем за помош при одржување на коловозната лента "Lane Assist" (горна илустрација)1 2
При случајно напуштање на коловозната лента, управува во спротивниот правец и истовремено го предупредува возачот со звук, како и со напомена на повеќефункцискиот индикатор.

 

Регулирање на долгото светло "Light Assist" (горна илустрација)
Автоматски го намалува светлото доколку има возила пред Вас или отспротива, пред истите да бидат заслепени. По брзина од 60 km/h и при целосна темнина, долгото светло самостојно се вклучува при претходно активиран систем. Регулирањето на долгото светло е достапно само во комбинација со пакетот Светло и видливост и повеќефункцискиот индикатор "Plus".

 

Фарови за магла со интегрирана функција за светло за свртување (горна илустрација)
При лоши временски услови, овозможуваат оптимална видливост. При вртење, конкретниот фар од внатрешната страна на кривината го осветлува работ на патот.

 

Препознавање умор (горна илустрација)1
Преку визуелни и акустични сигнали, препорачува пауза штом кај возачот препознае однесување коешто упатува на умор.

 

Систем за помош при сопирање (горна илустрација)
Препознава со која брзина се притиснува на педалот за сопирање. При рефлексно или итно сопирање, побрзо се создава целосниот притисок при сопирање.

 

Светло за дневно возење (горна илустрација)
Автоматски се вклучува со активирање на палењето и на дневна светлина го намалува ризикот од незгоди.

 

Индикатор за контрола на гуми (горна илустрација)1
Предупредува при евентуална загуба на притисок во гума и му напомнува на возачот што е можно поскоро да го провери притисокот во гумата.

 

Уред за регулирање на брзината со ограничувач на брзината (горна илустрација)1
Зависно од нагорнината и надолнината, по брзина од 30 km/h, помага во одржувањето на саканата брзина односно ја ограничува максималната брзина на индивидуално наместената вредност.

 

Препознавање сообраќајни знаци (горна илустрација)1
Ги регистрира сообраќајните знаци во патниот сообраќај и го информира возачот за актуелната ситуација во сообраќајот.

 

Систем за помош при поаѓање на нагорнина (горна илустрација)
На нагорнини, може да го спречи несаканото враќање назад на возилото со одржување на притисокот на сопирање до две секунди. При поаѓањето, ракувањето станува едноставно.

Im Rahmen der Grenzen des Systems.

Der Fahrer muss jederzeit bereit sein, das Assistenzsystem zu übersteuern, und wird nicht von seiner Verantwortung entbunden, das Fahrzeug umsichtig zu fahren.

Затвори
Затвори мени

Caddy Товарно

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team