Вашиот Caddy Товарно за миг претворете го во целосно функционално сервисно возило за поправки, водоинсталатерски услуги и за многу други комерцијални сектори. За таа цел, на располагање стојат многу опции за оформување на товарниот простор:
Затворен преграден ѕид
Ѕидот со висина до покривот целосно го разделува просторот за возачот од товарниот
простор и обезбедува голема пасивна заштита. Тој е цврсто прицврстен за
каросеријата на возилото и го исполнува DIN 75410-3 "Обезбедување на товарот во
мали транспортери".
Преграден ѕид со прозорци
За Caddy Товарно, по желба достапен
е преграден ѕид со прозорец. Во висина на покривот, исто како и затворената
преграда, овој ѕид дополнително располага со два големи прозорци. На тој начин,
секогаш ќе може да го гледате товарот.
Гумена подна простирка
За товарниот простор на Caddy, опционално може да се нарача гумена подна простирка.
Заштитниот слој од пластика што може да се мие е прецизно приспособен на контурите
на набраздениот под. Освен тоа, гумениот материјал има добар изолациски ефект и
ефект на апсорпција на звуците.
Универзален под
Тој е идеалната по желба достапна подготовка за дополнителното вградување на за таа
цел предвидени системи на ормари од различни производители. Специјални отвори на
подната простирка овозможуваат флексибилно монтирање и демонтирање на системи на
ормари во секое време, без лепење или дупчење.
Окца за прицврстување
Товарниот простор сериски располага со шест окца за прицврстување, коишто се цврсто
прицврстени за подот на возилото. Caddy Maxi Товарно има дури осум окца за
прицврстување. На тој начин, со помош на затегнувачки појаси што се отпорни на
кинење, алатот и материјалот може безбедно и правилно да се фиксираат.