Внатрешниот простор на Caddy секој ден одново се приспособува на Вашите потреби. Без разлика дали би сакале да превезете до 7 лица или планирате голем шопинг или транспорт на мали парчиња мебел.
Како возило со две седишта, Caddy нуди впечатливи 3030 l товарен волумен, а со спуштен потпирач на совозачкото седиште дури и повеќе. Идеален за многу багаж.
Кај возилото со три седишта, вториот ред седишта е поделен во сооднос ⅔ со ⅓. На тој начин настануваат мноштво индивидуални можности за користење.
Caddy со четири седишта нуди простор за четири лица и дополнителен багаж.
Пет седишта и многу простор за сместување: задната клупа со три седишта нуди четири ISOFIX држачи на двете надворешни седишта и со тоа е подобна за детски седишта. Со спуштање и склопување на вториот ред седишта, се создава товарен волумен од најмногу 2852 l.
Опремен со седум седишта, Caddy е идеално возило за превоз на поголема група со многу комфор. Caddy Maxi е 47 cm подолг и дополнително нуди до 340 l1 товарен простор за Вашиот багаж.
Literangabe gilt bis zur Höhe der Hutablage.