Полуавтоматскиот клима-уред и клима-уредот "Air Care Climatronic" за миг ја регулираат температурата во внатрешниот простор и овозможуваат и ладен воздух во топлите денови.
Вам Ви е топло, но Вашиот совозач се тресе од студ? Клима-уредот "Climatronic" нуди двозонско регулирање на температурата, како и рачна функција за затворена циркулација на воздух. На тој начин, двајцата ќе може да ја наместите Вашата индивидуална посакувана температура. Зависно од сончевото зрачење и надворешната температура, клима-уредот доведува повеќе или помалку ладен воздух.
Полуавтоматскиот клима-уред може да се регулира без степени и овозможува во внатрешниот простор секогаш да има пријатна температура. Благодарение на големите ергономски регулатори и копчиња, и за време на возењето лесно може да се регулираат степените, распределбата на воздухот и бројот на вртежи на вентилаторите.