Вам Ви е познато: ако патувате со семејството или со повеќе деца, наеднаш сите мора да го полнат својот паметен телефон - се разбира, во исто време. Добро е што Caddy за ваков случај има повеќе приклучници и опционален USB-интерфејс.
За потрошувачите на струја, на пр. мобилни телефони или Notebook уреди, по желба, во отворената преграда на контролната табла може да се интегрира 12-волтна приклучница.
Оваа приклучница е лесно достапна и се наоѓа во предниот дел на средишната конзола.
За преносните кутии за ладење и поголеми уреди од 12 V, во багажниот простор на располагање Ви стои приклучница.