Дури и при товарањето, Caddy е флексибилен: по потреба, изберете капак од багажниот простор со прозорец или практични задни крилни врати.
Лесно пристапниот капак од багажниот простор со прозорец може да се отвори со една рака. Кога е отворен, тој при товарање и растоварање нуди заштита од дожд и силно сонце. Над капакот од багажниот простор е вградено трето стоп-светло. Капакот од багажниот простор е секогаш опремен со практичниот систем за меко затворање.
Опционалните задни крилни врати со прозорец се поделени во сооднос 2⁄3 со 1⁄3 и постигнуваат максимален агол на отворање од 180°. Тие додека се отворени може засебно да се блокираат за по потреба да може да транспортирате и подолги предмети. Ве молиме внимавајте на тоа дека при нарачката на задните крилни врати, носачот на светлото за регистарска табличка е од црна пластика.