Мени
Затвори мени

Безгранична слобода на четири тркала

Да заспиете под отворено небо. Наутро да Ве разбудат звуците на морето. Да откривате други земји, а сепак да се чувствувате како дома: California 6.1 е чиста слобода. Со својата комфорна внатрешна опрема и осмислените детали, тој го прави секое патување да стане незаборавна авантура. Уживајте во Вашата независност и патувајте онаму каде што сакате. Со сето она што Ви е потребно.

Особено впечатливо

Внатрешен простор 6.1

Повеќе слобода – дури и во ентериерот

Секој ден откривајте нови земји, култури и места. А сепак, чувствувајте се како дома. California 6.1 е Вашата дневна соба за на пат. Пространиот внатрешен простор нуди доволно место за да се раскомотите. И многу простор за сместување на омилените плишени играчки или лектирите за на одмор. Готвење, спиење, одморање - сè како дома. Само и со целиот свет пред Вашата врата.

Комфор при спиењето 6.1

Вашиот омилен хотел. Секогаш со Вас.

На најубавите места на светот нема секогаш хотел за преноќување. Освен ако не си го носите со себе: California 6.1 со пространите кревети на кат Ви нуди доволно простор и комфор за да сонувате за Вашите најубави моменти од одморот или за да заспиете со нежниот звук на брановите.

Технологија 6.1

Токму она вистинското. За во град и за на плажа.

Можности, до каде што досега погледот. Веќе во кокпитот се кријат многу нови идеи, коишто Вашето возење кон местото по кое копнеете и престојот во напуштено прибежиште ќе го направат во едно големо доживување. Израдувајте се, меѓу другото, на дигиталниот кокпит со висока резолуција, на мултимедијалните Infotainment системи од најновата генерација и на најсовремените можности за вмрежување со Volkswagen We Connect1

Дознајте повеќе

Возна динамика 6.1

Чисто задоволство при возењето. На секаков терен.

За возењето во местото за одмор да Ви биде уште позабавно, за California 6.1 можете да изберете најразлични комбинации на мотор и менувач. Погонот на сите тркала 4MOTION  ветува голема влечна сила на речиси секаква подлога, додека пак менувачот со двојна спојка DSG преку своето нежно менување степени видливо го зголемува комфорот при возењето.

Системи за помош на возачот 6.1

Повисоко ниво на комфор. Дури и за време на возењето.

California 6.1 е совршена за патувања покрај брегот. И за шопинг тура во големата градска џунгла. Благодарение на системот за препознавање сообраќајни знаци2, страничната заштита2, системот за помош при страничен ветер 2, одржување на коловозната лента 2 3, помошта во управување при паркирање 2, при излегување од паркинг место 2 како и системот за помош при маневрирање со приколка2.

Дознајте повеќе

Дозволете California 6.1 да Ве инспирира

Start Video
Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team