ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА 4MOTION

Кај опционално достапниот погон на сите тркала 4MOTION сега наоѓа примена и спојката за сите тркала од најновата генерација на менувачи. Предностите се помала тежина и повторно подобрување на начинот и динамиката на возење.

Погонот на сите тркала 4MOTION со менувачот со двојна спојка DSG
Како единствен во својата класа, Caravelle е исто така достапен и со опционалниот погон на сите тркала 4MOTION и со опционалниот менувач со двојна спојка со 7 степени DSG. Комбинацијата е достапна кај моторот од 110 kW/150 КС - како и кај моторот од 150 kW/204 КС. На тој начин особено ќе уживате во исклучителен комфор при возењето по планински предели благодарение на целосно автоматското менување степени.

Механичка блокада на диференцијалот
Заедно со опционалниот погон на сите тркала 4MOTION, за задната оска е опционално достапна и 100%-на механичка блокада на диференцијалот. Таа го олеснува поаѓањето под тешки околности, на пр. настрана од патот, на отворен терен.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПОАЃАЊЕ ПО НАГОРНИНИ

Опционалниот систем за помош при поаѓање по нагорнини 1, со помош на регулирање на бројот на вртежи на моторот, а доколку е потребно со интервенирање при сопирањето, се грижи за контролирано и безбедно поаѓање на нагорнини. Без интервенирање на возачот, брзината се одржува константна на брзина на чекорење и на тој начин возачот не е оптоварен.

1 Само заедно со опционалниот погон на сите тркала 4MOTION.

Close