Мени
Затвори мени

Caravelle 6.1

Од минибус до VIP shuttle возило

Кога се зборува за професионален превоз на лица, најчесто се спомнува неговото име: Caravelle 6.1. Веќе над 30 години стандард во професионалниот превоз на лица. Негови основни компетенции? Комфор и флексибилност. Негови посебни способности? Паметни дигитални услуги и модерен Infotainment. А по крај на работното време? Одвреме-навреме тој се претвора од деловно возило во Ваш семеен минибус:

Сами создадете си слика од Caravelle 6.1

Варијанти на опрема

Особено импресивен

Импресивно флексибилен

Место за многу гости и за нивните желби

Различни како Вашите сопатници се и барањата, кои тие ги имаат. Четири куфери за едно патување за викенд? Спонтана замена за целосно букиран хотел за саеми? Колку и да се неочекувани барањата: Caravelle 6.1 сепак останува смирен. Сите три линии на опрема се добиваат со две меѓуоскини растојанија и разновидни пакети на седишта. Модуларниот систем за прицврстување на седишта со флексибилна клупа со три места за седење во секое време овозможува дополнителен багажен простор. А грбните потпирачи можат да се склопат нанапред во рамна површина.

Опуштено возење

Опуштен возач, опуштени гости

Секој  ден се грижите за тоа, Вашите сопатници удобно да стигнат од точка А до Б. Затоа Caravelle 6.1 се грижи и Вие да го направите тоа. Неговото ергономско работно место за возачот, електромеханичкиот серво управувач и ново оформената контролна табла возењето Ви го прават колку што е можно поудобно. А благодарение на извонредниот кружен приказ, и во динамичните центри на градовите или при големи настани ќе имате лесен преглед на сообраќајот.

Голем комфор на сопатниците

Олеснето чувство на пријатност

Место каде можете да земете воздух и да се издишете - по долго патување, напорен работен ден или меѓу два важни состаноци. Со Caravelle 6.1 на Вашите сопатници им нудите простор на четири тркала каде можат да се повлечат. И тоа со секој вид на комфор: Удобните седишта со облога со стабилна форма, извонредното придушување на бучава, LED светлата за читање, опуштеното чувство за простор со многу слобода за главата и нозете и многу други погодности се грижат за тоа, Вашите гости пријатно да се чувствуваат веќе при влегувањето во автомобилот.

Најмодерни системи за помош на возачот

Од практично до корисно

Имајте преглед врз хектичкиот сообраќај и новата рута - а притоа обрнете внимание на потребите на Вашите сопатници. За време на возењето имате многу работа. Затоа најмодерните системи за помош на возачот во Caravelle 6.1 се грижат да останете колку што е можно поопуштени. Системот за помош при одржување на лента, системот за помош во управување при паркирање, системот за помош при излегување од место за паркирање, системот за помош при маневрирање со приколка и многу други Ви помагаат за време на секое патување. Мора многу да маневрирате? Нашата камера за помош при возење наназад за првпат се нуди заедно со задни крилни врати.

Најдобро поврзување

Секој ден поопуштени на пат

Возилата стануваат сè попаметни. Исто и во Caravelle 6.1 веќе се кријат многу дигитални технологии, кои возењето го прават покомфорно. На пример Digital Cockpit со висока резолуција со навигациска мапа. Или Volkswagen We Connect: услуга, која паметниот телефон го претвора во далечински управувач за автомобилот. А тоа е само почетокот.

  •  Digital Cockpit во боја со висока резолуција
  • нови радио и навигациски системи со екрани на допир со големина до 23,4 cm (9,2 инчи)
  • Мобилни онлајн услуги We Connect1
  •  индуктивно полнење на паметни телефони

Осмислено до најмалиот детаљ

Сите карактеристики

Погон

Назад кон прегледот

Погон

Како возач патувате цел ден. Достапните комбинации од мотор и менувач и погонот на сите тркала 4MOTION се грижат за задоволството на оној кој седи зад управувачот.

Надворешност

Назад кон прегледот

Надворешност

Компетенција на прв поглед: Caravelle 6.1 при секоја прилика зрачи со сувереност и доверба.

Интериер

Назад кон прегледот

Интериер

Дизајнирани за опуштање: Седиштето на возачот и просторот за патници мора во секое време да исполнуваат специфични барања. Но имаат едно заедничко – комфор до најмалиот детаљ.

Функција

Назад кон прегледот

Функција

Паметно возење: Благодарение Digital Cockpit и We Connect секогаш ќе бидете обезбедени со сите потребни информации - службено и приватно.

Системи за помош

Назад кон прегледот

Системи за помош

Оној кој секогаш е на пат мора да се справува со безброј ситуации во врска со временските услови и со сообраќајот. Доброто е што притоа во Caravelle 6.1 не сте сами.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team