Digital Cockpit веќе денес Ви дава чувство каде може патувањето технички да води. Навигациската мапа дополнително по желба може да се постави меѓу мерачот на број на вртежи и тахографот. На тој начин двете илустрации на мапи може различно да се зумираат одблиску. Digital Cockpit може на пример да ја прикаже блиската околина, додека Вие на навигацискиот уред го задржувате прегледот врз преостанатата рута. Или едноставно сакате да пребарувате наслови во медијатеката на Вашиот паметен телефон, додека и понатаму сте концентрирани на сообраќајот. Имате повик? Прифатете го брзо и интуитивно преку профилот на контактот.
Контрастниот LED дисплеј со големина од 29,7 cm (11,7 инчи) можете удобно да го ракувате преку повеќефункцискиот кожен управувач.
Во Digital Cockpit ги имате најважните возни податоци директно пред очите.
Управувајте со системите за помош на возачот удобно и едноставно.
Изберете ја Вашата омилена песна - а притоа задржете го прегледот врз улицата.