КЛИМА-УРЕД "CLIMATIC"

Полуавтоматскиот клима-уред "Climatic" располага со сензор за внатрешниот простор и постојано ја изедначува внатрешната температура со саканиот степен на топлина во просторот за возачот. Дополнително, оптимално се распределува воздухот во просторот за патници.

 

Сериска опрема кај Сaravelle Comfortline.
Опционално достапно за Caravelle Trendline.

КЛИМА-УРЕД "CLIMATRONIC"

Овој систем нуди регулирање на температурата во 3 зони за возачот, совозачот и патниците во просторот за патници. Тој ја препознава јачината на сончевото зрачење и надворешната температура и соодветно на тоа доведува повеќе или помалку свеж воздух внатре. Автоматското префрлување кон затворена циркулација на воздухот со помош на сензорот за квалитетен воздух создава пријатна клима.

 

Сериска опрема кај Caravelle Highline.
Опционално достапен за Caravelle Trendline и Comfortline.

ЗАГРЕВАЊЕ НА ПРЕДНОТО СТАКЛО

Опционалното загревање на предното стакло се грижи за добар поглед нанапред и при ладно и влажно време.

Достапен само заедно со пакетот Светло & Видливост. Посебна опрема по дополнителна цена за Caravelle Trendline, Comfortline и Highline.

ГРЕЕЊЕ ВО МИРУВАЊЕ

Греењето во мирување по желба работи независно од уредот за греење и вентилација и исто така преку контролната површина може да се регулира со помош на далечински управувач. По желба, алтернативно е достапно и дополнително греење на вода.

 

Посебна опрема по дополнителна цена за Caravelle Trendline, Comfortline и Highline.

Close