СИСТЕМ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ДОЛГО СВЕТЛО "LIGHT ASSIST"

Опционалниот систем за регулирање на долгото светло "Light Assist" автоматски се спушта при доаѓање на возила од спротивната страна или при возила што возат пред Вас, пред истите да бидат заслепени. Од 60 km/h и при целосна темнина, долгото светло самостојно се вклучува при претходно активиран систем.

 

Посебна опрема по дополнителна цена за Caravelle Trendline, Comfortline и Highline.

ФАРОВИ ЗА МАГЛА СО ИНТЕГРИРАНО СОБОРЕНО СВЕТЛО

Фаровите за магла со интегрирано соборено светло се грижат за оптимална видливост при лоши временски услови. При свртување, соодветниот фар од внатрешната страна на кривината го осветлува работ на коловозот.

Сериска опрема кај Caravelle Highline. Посебна опрема по дополнителна цена за Caravelle Trendline и Comfortline.

LED ПРЕДНИ ФАРОВИ

Собореното и долгото светло се конструирани од LED-диоди коишто штедат енергија. Високото ниво на оперативна безбедност и долгиот животен век на LED-диодите ја зголемуваат сигурноста, со намалување на веројатноста од дефект. Меѓу другото, LED-фаровите се одликуваат и со голем светлосен волумен, долготрајна издржливост, спектар на светлост што наликува на дневна светлина и мала потреба од енергија.

 

Посебна опрема по дополнителна цена за Caravelle Trendline, Comfortline и Highline.
Достапни само заедно со LED задни светла и уред за регулирање на висината на светлосниот сноп.

Close