TDI-МОТОРИ

Најновата генерација на мотори Ви нуди со секој агрегат особено ниска потрошувачка на гориво  - и тоа, без да штедите на задоволството при возењето. Секако, новите TDI-мотори соодветствуваат на стандардот за издувни гасови Euro 6. Како особено моќен и истовремено со ниска потрошувачка се истакнува 2,0 l TDI-моторот со 150 kW/204 КС.

TSI-МОТОРИ

Изберете меѓу 2,0 l TSI со 110 kW/150 КС и 2,0 l TSI-мотор со 150 kW/204 КС. Двата типа на мотори располагаат со директно вбризгување и турбо полнење за издувни гасови.

BLUEMOTION ТЕХНОЛОГИЈА

Моделите на Volkswagen со BlueMotion Технологија ги следат мислите на  "Think Blue.":
Оттука, секој нов мотор со Euro 6 е сериски опремен со Start-Stopp систем, систем за повторно добивање енергија при сопирање, систем за помош при поаѓање по нагорнини и гуми оптимирани на отпор при тркалање.

Start-Stopp систем
Тој автоматски го исклучува моторот при работење во лер, кај рачен менувач и при отпуштен педал за куплунг, на пр. кога стоите на семафор. За стартување доволно е само притискање на педалот за куплунг и моторот повторно се стартува. 

Систем за повторно добивање енергија
Дополнителното полнење на акумулаторот за возилото му олеснува на моторот за време на фазите на влечење и моторно сопирање и на тој начин ја намалува потрошувачката на гориво.

Гуми оптимирани на отпор при тркалање
Caravelle го презема контактот со патот преку гумите оптимирани на отпор при тркалање. Малиот отпор на тркалање ја намалува потрошувачката на гориво и емисијата на CO 2.

Close