РАДИО СИСТЕМ "COMPOSITION AUDIO"

Радио системот "Composition Audio" опфаќа еднобоен TFT-дисплеј, четири звучници, преграда за SD-картички, AUX-IN и USB интерфејс, како и Bluetooth-врска за мобилни телефони.

 

Сериска опрема кај CaravelleTrendline и Comfortline.

РАДИО СИСТЕМ "COMPOSITION COLOUR"

По желба достапниот радио систем "Composition Colour" опфаќа TFT екран на допир во боја со големина од 12,7 cm (5 инчи), MP3 и WMA компатибилен CD-читач, осум звучници, една преграда за SD-картичка, AUX-IN-интерфејс, Bluetooth-врска за мобилни телефони како и двоен тјунер со PhasenDiversity за најдобар можен радио-прием.

 

Сериска опрема кај Caravelle Highline.
Опционално достапен за Caravelle Trendline и Comfortline.

РАДИО СИСТЕМ "COMPOSITION MEDIA"

Опционалниот радио систем "Composition Media" опфаќа TFT- дисплеј во боја со големина од 16,5 cm (6,33 инчи), екран на допир со сензорика на приближување, CD-читач компатибилен за MP3 и WMA, осум звучници, преграда за SD-картички, AUX-IN и USB  интерфејс во фиоката за ракавици, Bluetooth-врска за мобилни телефони како и двоен тјунер со PhasenDiversity за најдобар можен радио-прием.

 

Опционално достапен за Caravelle Trendline, Comfortline и Highline.

СИСТЕМ ЗА НАВИГАЦИЈА "DISCOVER MEDIA"

Дополнително кон функциите на радио системот "Composition Media" со осум звучници, интегрирана е и втора преграда за SD-картички, којашто ја вчитува SD-картичката со материјалот за мапи. За инсталираниот материјал за мапи за Европа, со Volkswagen MapCare, достапни се и бесплатни ажурирања преку интернет страницата на Volkswagen¹

 

СИСТЕМ ЗА НАВИГАЦИЈА "DISCOVER MEDIA PLUS" 2

Дополнително кон функциите на системот за навигација "Discover Media" со осум звучници, опфатена е и опремата по желба: дигитален радио прием DAB+, говорно користење, Car-Net App-Connect, Volkswagen Media Control, електронско зголемување на јачината на гласот и интерфејс за мобилен телефон "Comfort" со MEDIA-IN-интерфејс.

¹ Опционално достапен за Trendline и Comfortline.
² Опционално достапен за Caravelle Highline.

ИНТЕРФЕЈС ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН "COMFORT"

Опционалната специјална преграда за Вашиот мобилен телефон располага со поврзување со надворешната антена без кабел за оптимирање на квалитетот на испраќање и прием на мобилната мрежа. Исто така, и полнењето се одвива сосема едноставно: за тоа телефонот мора да биде поврзан со  USB-интерфејсот, којшто исто така се наоѓа во преградата.

Close