LED ФАРОВИ

LED Предни фарови
По желба, собореното и долгото светло се рефлектираат преку LED-диоди што штедат енергија. Долгиот животен век на LED-диодите ја зголемува безбедноста при работа - а големиот светлосен волумен со спектар на светлина налик на дневна светлина ја подобрува видливоста. Кај возила со задна врата, LED предните фарови се достапни само заедно со LED задните светла.

LED задни светла
Позиционото светло и светлото за сопирање се рефлектираат преку LED-диоди што штедат енергија.Сите модели сериски располагаат со LED-осветлување на регистарските таблички.

Посебна опрема по дополнителна цена за Caravelle Trendline, Comfortline и Highline.
Само заедно со уредот за чистење на фарови.

УРЕД ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ФАРОВИТЕ

По желба, прскалките на уредот за чистење што можат да се спуштат, по потреба излегуваат од браникот и повторно се вовлекуваат. Уредот работи при вклучено соборено и долго светло и е поврзан на уредот за миење на стаклата. На секое петто прскање, се чистат и стаклата на фаровите.

 

Посебна опрема по дополнителна цена за Caravelle Trendline, Comfortline и Highline.

ПАКЕТ СВЕТЛО & ВИДЛИВОСТ

За подобра видливост постои и опционалниот пакет¹ од внатрешен ретровизор што автоматски се затемнува, којшто штити од заслепување од сообраќајот зад Вас и од сензор за дожд што ги активира бришачите за стакло. Системот за помош на светлото за возење го осветлува патот и Ви нуди безбедност во темните ноќи. (илустрација) За Caravelle Trendline по желба достапен е и пакетот Светло & Видливост "Plus" 2. Дополнително кон пакетот Светло & Видливост, тој опфаќа и H7 халогенски фарови со голема јачина и фарови за магла.

1 Посебна опрема по дополнителна цена за Caravelle Trendline, Comfortline и Highline.
2 Опционално достапен само кај Caravelle Trendline.

Close