ПОТПИРАЧИ ЗА РАЦЕ НА СЕДИШТЕТО НА ВОЗАЧОТ

Со тркалцето за поставување, потпирачите може да се постават на нивоа и индивидуално. За во делот на возачот лесно да се достапни сите области, двата потпирачи за раце на возачкото седиште можат целосно да се кренат.

 

Сериска опрема кај Caravelle Comfortline и Highline. Посебна опрема по дополнителна цена кај Caravelle Trendline.

ДВОЈНА КЛУПА ЗА СЕДЕЊЕ КАЈ СОВОЗАЧОТ

Доколку ја кренете седечката површина на двојната клупа за седење кај совозачот, се отвора дополнителен простор за складирање. За Caravelle Trendline по желба е достапен грбен потпирач со преграда што се отвора, во којашто се интегрирани два држачи за пијалаци  и пенкала.

 

Посебна опрема по дополнителна цена кај Caravelle Trendline и Comfortline. Не е достапна за Caravelle Highline.

ЕЛЕКТРИЧНО РЕГУЛИРАЊЕ НА СЕДИШТА ВО 12 НАСОКИ

По желба, седиштето на возачот има греење на седишта коешто електрично се регулира. Исто така in puncto можат да се постават и наслонот за `рбетниот столб, накосеноста на наслонот за грб, висината на седиштата, како и наваленоста и поставувањето по должина на површината за седење идеално според индивидуално посакуваната позиција. Со помош на мемориската функција можат да се меморираат три различни поставувања на седиштето. Електричното регулирање на седиштата во 12 насоки¹ содржи греење на седишта за седиштето на возачот и совозачот.

 

Посебна опрема по дополнителна цена кај Caravelle Comfortline и Highline. Не е достапно за  Caravelle Trendline.
¹ Само заедно со кожа "Nappa". Средиштето на седиштето и страничните перничиња се во кожа "Nappa".

EASY-ENTRY ФУНКЦИЈА

За побрзо и покомфорно влегување и излегување на патниците од третиот ред седишта, седиштата Easy-Entry можат да се спуштат нанапред само со помош на рачка. Возилата со две лизгачки врати имаат Easy Entry на обете страни. Наслоните на сите седишта можат да се спуштат нанапред - исто така и оние со функцијата Easy-Entry.

 

Сериска опрема кај Caravelle Highline. Посебна опрема по дополнителна цена за Caravelle Trendline и Comfortline.

Close