Verlinkungsbeschränkungen / Link agreement

  1.  1. Оваа веб-локација ја води една од фирмите ("Porsche") кои припаѓаат на Porsche концернот и ги опфаќа почетната страница (првата страница) и сите подредени веб страници од оваа веб-локација.

     2. Porsche го поздравува и го дозволува креирањето на законски коректни поврзувања односно линкови со почетната страница и сите подредени веб-страници од оваа веб-локација. Секое поврзување на веб-локацијата на Porsche мора да прими јасен знак; особено секоја содржина од веб-локацијата на Porsche мора да биде презентирана вистинито.

     3. Изработката на поврзувања на поединечни потстраници на веб-локацијата на Porsche, без податоци за јасно обележување на потекло (Deep-Link) e изречно забранета. Porsche го задржува правото, без образложение да забрани поврзување на поединечни лица, фирми, групи од лица и/или претприемачки групи или строго забранети веб-содржини, веб-страници или веб-локации.

     4. Porsche го задржува правото, без образложение да забрани поврзување на поединечни лица, фирми, здруженија, групи од личности и/или претприемачи групи или строго забранети веб-содржини, веб-страници или веб-локации.

     5. Произведувањето на директни или индиректни поврзувања кон веб-локацијата на Porsche, коишто формираат врска со информации, веб-содржини, веб-локации или веб-страници кои се правно недозволиви, неморални, политичко радикални, дискриминирачки, криминални или се од вулгарна или слична природа е недозволиво. Porsche изречно се дистанцира од содржините со таков карактер на таквите веб-локации, вклучувајќи ги и сите потстраници.

     6 . Porsche не презема одговорност за штети и недостатоци, сосема сеедно од кој вид или правна причина, што се предизвикани преку поврзувања, кои постапуваат против условите за користење или пак истите биле прекршени.

     7. Porsche го задржува правото да ја одземе дозволата за поврзување во секое време, без да ги образложи причините, како и прекршоците на условите за користење и/или да ги преземе сите технички и/или правно достапни мерки.