Кога термометарот во лето се искачува на 28 степени и сонцето свети во Вашата кабина на возачот, потребен е клима-уред кој е лесен за регулирање. Бидејќи тој не само што носи пријатна температура во Вашето мобилно работно место, туку исто така по желба дури и ја разладува фиоката за ракавици. На тој начин секогаш ќе имате на дофат освежителен пијалак. Можете да се одлучите меѓу овие варијанти:
Клима-уредот кој може опционално да се добие се грижи за саканата температура благодарение на регулирање без нивоа.
Клима-уредот "Climatronic" кој може да се добие по желба нуди регулирање на температурата со 2/3 зони за возачот, совозачот и просторот за товарање односно просторот за патници. Автоматската циркулација на воздух, сензорот за квалитет на воздухот, дополнителните отвори за воздух и опционалното дополнително греење создаваат пријатна клима.
Отворите за воздух и клима-уредот кој може опционално да се добие се наоѓаат над разделниот ѕид. Тие го климатизираат просторот за ладење при професионален превоз на лица или товар чувствителен на топлина.