Системи за помош на возачот

Осмислено и претпазливо

На непрегледни градилишта и тесни земјени патишта, во тесни градски улици или при веење на ветер на автопат: во Crafter камионетот Ви помагаат голем број на иновативни системи за помош и безбедносни системи доколку настанат тешки ситуации. До целта ќе стигнете добро и пред сè релаксирано.

Автоматско регулирање на растојанието ACC1 и систем за надзор на околината "Front Assist"1 2

Автоматски ја приспособува брзината на возилото пред Вас и притоа го одржува растојанието зададено од возачот. Веќе содржаниот "Front Assist" со City функција за вонредно сопирање помага во критични ситуации да се скрати патеката на сопирање.

Систем за помош при одржување на коловозната лента "Lane Assist"1

Управува спротивно при ненамерно напуштање на коловозната лента и истовремено го предупредува возачот со предупредувачки тон, како и со напомена во повеќефункцискиот приказ.

Регулирање на долгото светло "Light Assist"

Автоматски се затемнува при возила кои доаѓаат од спротивната страна или возила кои возат пред Вас, пред тие да бидат заслепени. Од 60 km/h и при целосна темнина долгото светло самостојно се вклучува при претходно активиран систем.

Пакет за светло и видливост (без илустрација)

За подобра видливост пакетот се состои од уред за вклучување на светлото за возење, кој автоматски го вклучува светлото за возење; уред за регулирање на долгото светло, кој автоматски затемнува; и сензор за дожд, кој ги активира бришачите за стаклата. Помошното светло за возење со "Coming Home/Leaving Home" функција преку силното осветлување на околината на возилото се грижи за дополнителна безбедност и комфор.


Уред за регулирање на брзината
Зависно од нагорнината и надолнината, од брзина од 30 km/h нагоре ја одржува саканата брзина.

Систем за контрола на притисок во гумите1

Го прикажува актуелниот притисок во секоја гума и предупредува при отстапувања од номиналната вредност.

Препознавање умор1

Преку оптички и акустични сигнали препорачува пауза, штом се препознае однесување на возачот кое упатува на умор.

Препознавање сообраќајни знаци

Ги регистрира сообраќајните знаци во градскиот сообраќај и го информира возачот за актуелната сообраќајна ситуација.

Фарови за магла со вградена функција на светло за кривини

При лоши временски услови се грижат за оптимална видливост. При свртување фарот од кој се наоѓа на внатрешноста на кривината го осветлува работ на улицата.

Систем за помош при возење по надолнини3/4

Со регулирање на бројот на вртежи на моторот и ако е потребно со интервенции врз сопирањето се грижи за контролирано и безбедно возење по надолнини.

Електромеханички серво-управувач

Управувањето кое зависи од брзината со активна реверзибилност ги подобрува чувството и безбедноста за време на возењето и кај комерцијални возила постигнува досега невидена прецизност.

1 Во рамките на границите на системот
2 До 30 km/h
3 Се добива само заедно со навигацискиот систем "Discover Media"
4 Само заедно со погон на сите тркала 4MOTION

Затвори
Мени
Затвори мени

Crafter Патар

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team