ergoComfort амортизирано седиште

Седишта

Штедете ги грбот и нервите

  • Долгите работни денови на седиштето на возачот се напорни. Ако притоа уште и го кривите вратот и Ве боли грбот, расположението и концентрацијата опаѓаат. За да го избегнете тоа, во Crafter може да изберете помеѓу пет различни седишта:
  • Основно седиште со поместување на потпирачот и надолжно поместување
  • Комфорно седиште со поставување на висината и седечката висина, потпирач за раце внатре и потпора за лумбалниот дел на два начина
  • Комфорно седиште "Plus" со два потпирачи за раце и електрична потпора за лумбалниот дел на четири начина
  • ergoComfort амортизирано седиште1
  • ergoActive амортизирано седиште со функција за масажа

ergoComfort амортизирано седиште1

Оптимална заштита за грбот со амортизирање на ударите предизвикани од коловозот и поместување на седиштето на 20 начини. Комбинацијата од рачно и електрично поставување овозможува континуирано поместување според АТ-директивите. По желба, достапни се и греење и функција за масажа

  • Поставување на седиштето по должина, висина, длабочина и накосеност
  • Електрична потпора за лумбалниот дел на 4 начини
  • Поставување на потпирачите за глава, за грб и за раце
  • По желба и греење и функција за масажа

1 Седиштето ergoComfort на 26.11.2015 беше одликувано од "Сојузната асоцијација на германски институции за превенција од болки во грбот" и од "Форум здрав грб - подобар квалитет на живот" со жигот AGR.