Конектирани и информирани во секое време
Добијте ги најактуелните пораки за сообраќајот директно од интернет. Управувајте директно до најблиската бензинска станица. Ракувајте со апликациите на Вашиот паметен телефон и за време на возењето. Добијте потсетување за термините за сервис и директно предупредување при обиди за кражба. Со мобилните онлајн услуги "Car-Net" по пат ќе бидете покомфорно, побезбедно и подобро информирани.
Уживајте повеќе во Infotainment додека сте на пат и интегрирајте го Вашиот паметен телефон со Car-Net App-Connect преку USB-интерфејс во Вашето возило. Car-Net App-Connect ги прикажува компатибилните апликации на Вашиот паметен телефон на дисплејот на допир на Вашиот опционален радиосистем односно систем за навигација. На тој начин, преку Android Auto™, Apple CarPlay™ или MirrorLink™ можете преку дисплејот на допир особено комфорно да управувате со одредени апликации за време на возењето.
Ако Вашето возило е опремено со опционален систем за навигација, можете да ги активирате онлајн услугите Car-Net Guide & Inform. Guide & Inform Ви е бесплатно достапен во првите три години по регистрирањето. Така, може да користите два вида на услуги: услуги коишто директно Ви помагаат во возилото и услуги коишто може да ги конфигурирате од дома - по избор преку порталот за клиенти или со апликацијата Car-Net. За да може да користите Guide & Inform во возилото, едноставно со помош на Вашиот паметен телефон генерирајте Hotspot или користете го опционалниот Volkswagen CarStick.