Разнолик, исто како и Вашите планови
Crafter шасија е толку варијабилен колку што е потребно за Вашите задачи. Volkswagen Комерцијални возила тесно соработува со водечките производители на додатоци и надградби. На тој начин може да се реализираат решенија за возило по Ваша мерка: од возило со ладилник, преку болничко возило, па сè до возила без бариери за луѓе со попреченост. Со нашите возила е можно речиси сè.
Направете самите слика од Crafter шасија
Може да се постават осум степени. И тоа во сите видови погон
Crafter е единственото возило во неговата класа со шест варијанти на погон и менувач. Предниот, задниот или погонот на сите тркала 4MOTION може по избор да се комбинираат со рачен менувач со 6 степени или автоматски менувач со 8 степени. Моќно јадро претставуваат специјално развиените TDI-мотори, коишто се дизајнирани за екстремните предизвици на комерцијалните возила.
Релаксирано по пат
На непрегледни градилишта и тесни шумски патеки или при силни ветришта на автопат: во Crafter шасија, бројни иновативни системи за помош и безбедносни системи Ви помагаат кога ќе загусти. На тој начин, на дестинацијата ќе пристигнете сигурно и пред сè релаксирано.
Совршено подготвени речиси за сè
За работните налози да се одвиваат совршено, потребна Ви е вистинската опрема. Тука спаѓа и возилото коешто е оптимално приспособено на Вашите барања. Таков е Crafter шасија. Тој на флексибилен начин може да се претвори во ладилник, возило за интервенции или влечно возило. А благодарение на неговата мала сопствена тежина, погоден е и за тешки додатоци.
Кокпитот, канцеларијата и просторијата за пауза Ви се секогаш тука
Поголемиот дел од работниот ден го поминувате на пат? Тогаш Вашето возило не е само превозно средство. Тоа е местото каде што ги сортирате документите, договарате термини, го полните Вашиот мобилен телефон или правите пауза за ручек. Со бројни површини за сместување и приклучоци, опционално амортизирано ergoComfort седиште и по желба достапен повеќефункциски кожен управувач што се загрева, Crafter шасија е подготвен за сè.
Информирани во секое време. Никогаш досадно.
При вообичаениот работен ден, честопати прилично долго време се поминува на пат. Се вози од една работна задача до друга, во меѓувреме мора назад во магацин, па потоа во продавница по резервни делови. Притоа многу е важно да имате информации за сè. Благодарение на интегрираниот интерфејс за мобилниот систем за управување со возен парк "Connected Van" и онлајн услугите "Car-Net", во Crafter шасија сте скоро секогаш информирани со најактуелните информации и добро разонодени.
Решенија за додатоци и надградби
Вашата работа не е како сите други. Тогаш зошто да биде такво Вашето возило? Бидејќи секој во своето работно секојдневие се справува со сопствени предизвици, ние како Volkswagen Комерцијални возила соработуваме со професионални производители на додатоци и надградби. Тие од Вашиот Crafter шасија ќе направат комерцијално возило по мерка.