Видете го патот во вистинско светло
Дали вашиот работен ден започнува уште пред изгрејсонце? Или работите во секакви временски услови? Со Crafter шасија, тоа не е проблем.
Опционалните LED светла со дневни светла, соборени и долги светла ефикасно го осветлуваат патот. А доколку сакате уште подобра прегледност, пакетот „Светло и видливост“ со автоматска контрола на соборени и долги светла, сензор за дожд и дополнително осветлување нуди уште поголема удобност и безбедност.