Системи за помош на возачот

Системи за помош на возачот

Мислевме на сè и однапред испланиравме

На непрегледни градилишта и тесни шумски патеки или при силни ветришта на автопат: во Crafter шасија, бројни иновативни системи за помош и безбедносни системи Ви помагаат кога ќе загусти. На тој начин, на дестинацијата ќе пристигнете сигурно и пред сè релаксирано.

Автоматско регулирање на растојанието ACC1 и систем за набљудување на околината "Front Assist"1 2

Автоматски ја приспособува брзината на онаа на возилото пред Вас и притоа го одржува растојанието претходно зададено од возачот. Во него веќе вклучениот систем за набљудување на околината "Front Assist" со City-функција за итно сопирање, во критични ситуации помага да се скрати растојанието потребно за сопирање.

Систем за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist"1

При случајно напуштање на коловозната лента, управува кон спротивниот правец и истовремено го предупредува возачот со предупредувачки тон, како и со напомена на повеќефункцискиот индикатор.

Систем за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist"

При случајно напуштање на коловозната лента, управува кон спротивниот правец и истовремено го предупредува возачот со предупредувачки тон, како и со напомена на повеќефункцискиот индикатор

fernlichtregelung

Пакет Светло и видливост (горна илустрација)

За подобра видливост, пакетот се состои од систем за вклучување на светлото за возење што автоматски го вклучува светлото за возење; регулирање на долгото светло, коешто автоматски се затемнува; и сензор за дожд што ги активира бришачите. Системот за помош за светло за возење со "Coming Home/Leaving Home" функција преку силното осветлување на околината на возилото придонесува за безбедноста и комфорот.

Уред за регулирање на брзината

Зависно од нагорнината и надолнината, по брзина од 30 km/h ја одржува саканата брзина.

Illustration der Geschwindigkeitsregelanlage

Контрола на притисокот во гумите1

За секоја гума го покажува актуелниот притисок и предупредува во случај на отстапување од потребната вредност.

Illustration der Reifendruckontrolle

Препознавање умор1

Преку визуелни и акустични сигнали, препорачува пауза штом препознае однесување коешто упатува на умор.

Illustration der Muedigkeitserkennung

Препознавање сообраќајни знаци

Ги регистрира сообраќајните знаци во патниот сообраќај и го информира возачот за актуелната ситуација во сообраќајот.

Illustration der Verkehrszeichenerkennung

Фарови со интегрирана функција на светло за свртување

При лоши временски услови, овозможуваат оптимална видливост. При вртење, фарот од внатрешната страна на кривината го осветлува работ на патот.

Illustration der Nebelscheinwerfer

Систем за помош при возење по надолнини3 4

Со регулирање на бројот на вртежи на моторот и ако е потребно и преку интервенции со сопирање, овозможува контролирано и безбедно возење по надолнини.

Illustration des Bergabfahrassistent

Електромеханички серво-управувач

Управувањето условено од брзината и со активно враќање ги подобрува чувството при возењето и безбедноста и постигнува прецизност досега невидена кај комерцијалните возила.

Illustration der elektormechanischen-servolenkung

1 Во рамки на границите на системот 2 До 30 km/h 3 Достапно само во комбинација со навигацискиот систем "Discover Media" 4 Само во комбинација со погон на сите тркала 4MOTION