Преден погон ако се бара поголем товарен капацитет, заден погон за транспорт на потешки стоки или погон на сите тркала за подобро возење на непрооден терен, Crafter Ви нуди соодветен погон за скоро секој предизвик.
Ги обединува големата носивост, големото оптоварување со приколка од најмногу 3,0 t и попречно вградениот преден мотор.
Онаму каде што другите доаѓаат до своите граници, Crafter оди уште подалеку: варијантата со заден погон совладува големи оптоварувања со приколка и одушевува со добра тракција и при целосна натовареност.
Калливи градилишта, неасфалтирани шумски патеки или екстремни нагорнини - во варијантата со погон на сите тркала 4MOTION, Crafter одушевува на скоро секаков терен со сигурната тракција и одличната стабилност на насоката.