За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Електрична, практична, иновативна. Иднината на комерцијалното возило.

e-Crafter веќе денес ги исполнува барањата од утре. Притоа тој нуди неограничена зафатнина на простор за товарање. Токму онака како што очекувате од Crafter на иднината.

Сами создадете си слика од e-Crafter

Конфигурирајте сега

Товарајте без проблем

За курирски услуги, услуги за брза испорака и услуги за испорака  пакети се брои секој сантиметар на просторот за товарање. Уште подобро, што во e-Crafter не мора да се откажете од нив. Бидејќи неговата батерија е прикачена во основата така што заштедува место. Со тоа тој има вообичаен простор на товарање до 10,7 m³ и висина на просторот за товарање од 1 861 mm.

Носивост на возилото

Исполнете ги тешките задачи

На e-Crafter ниедна задача не му е тешка. Создаден специјално за курирски услуги, услуги за брза испорака и услуги за испорака  пакети, фургонот комбинира носивост до 975 kg.

Електромотор

Бидете брзи при секоја работа

Веќе од позиција на мирување електромоторот со моќност од 100 kW/136 КС го носи на улицата максималниот вртежен момент од 290 Nm. Тоа е доволно за веднаш да се забрза и да се интегрира во градскиот сообраќај.

Батерија

Напредувајте со Вашата работа

Со e-Crafter не само што Вашата работа ќе биде на најактуелно ниво. Неговата литиум-јонска батерија при целосно полнење има досег до 173 km1. Така без проблеми ќе стигнете од еден термин до друг. Или од една адреса за испорака до друга. А доколку измеѓу направите пауза за ручек: со помош на CCS систем за брзо полнење при моќност на полнење од 40 kW за само 45 минути батеријата се полни до 80%.

Комбинација од најдобрите карактеристики

Возете прогресивно. Задржете го она што е веќе докажано.

Робустен, економичен, моќен - и покрај заканувачките забрани за возење флексибилно патувајте во центарот на градот. e-Crafter Ви ги нуди сите предности на електричен погон. И сите предности на конвенционално комерцијално возило. Убедливи аргументи, зар не?

Индивидуални надградби

Перфектно подготвен скоро за сè

За работата да се одвива совршено, потребна е правилната опрема. Кон тоа припаѓа и возило, кое е оптимално приспособено на Вашите барања. Така може да се имплементираат соодветни решенија за возило: Од возило со ладилник, преку болничко возило до возило за лица со инвалидитет. Со нашите возила возможно е скоро сè.

Дознајте повеќе

Осмислено до најмалиот детаљ

Енергетска електроника, електромотор, CCS брзо полнење: Откријте кои иновативни технологии го прават e-Crafter толку моќен и ефикасен.

Сите карактеристики

Технологија и полнење

Назад кон прегледот

Технологија и полнење

На местото на моторот на согорување во просторот на моторот на e-Crafter се наоѓа многу компактен и со тоа значајно полесен електромотор. Тој за време на работата скоро и да не испушта штетни издувни гасови, екстремно е лесен и за него не е потребно многу одржување.

Простор за товарање

Назад кон прегледот

Простор за товарање

Во e-Crafter има место за многу пакети, машини или алати, како во конвенционалниот модел. А исто така ќе бидат и добро прицврстени.

Функција

Назад кон прегледот

Функција

За време на патувањето имајте преглед на сè што Ви е важно – од текот на енергија, преку рекуперацијата па сè до преостанатиот досег.

Системи за помош

Назад кон прегледот

Системи за помош

Иновативните системи за помош на возачот и интелигентите безбедносни системи предвидливо совладуваат опасни ситуации.

Извонреден перформанс

Со неговиот осмислен концепт за локален сообраќај на испорака без штетни издувни гасови во градските центри e-Crafter го освои списанието "Transport" како и "HUSS-Verlag". Тој го освои првото место во категоријата "Transporter & возила за испорака".

Извор: "Transport", издание 22, 01.12.2017

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team