Над 65 години VW Bus. Историјата на Bulli!

Сонот станува реалност

Оригиналот: VW Bus - или како што сакаме да го нарекуваме "Bulli" - е преку 65
години оптималниот придружник за најразличните барања во работното и
приватното секојдневие. Доживејте ја со нас фасцинантната историја на Bulli -
почнувајќи од 1950 година, годината на создавање на T1 па сè до актуелниот
модел T6. Сеедно дали како транспортер, како возило со приколка, како автобус
за превезување лица, како возило за на одмор или како Camper: со ново
создадената категорија на возила "Бус класа", на Volkswagen му успеа да воведе
возило на пазарот, коешто има изготвено многубројни опции за негова употреба.
На тој начин, Bulli е убедлив не само како мобилно "работно место", туку во иста
мера воодушевува и како автомобил за патување низ целиот свет.
Низ генерации ова култно возило ги пленува срцата на неговите сопственици. За
некои сонот стана реалност откако со својот Bulli како подвижен кревет тргнуваа
во нови авантури. При возењето со Bulli патот е целта и тоа со вистинско
уживање. Со секој изминат километар тој запишува историја, се збогатуваат
неговите спомени и добива вредност на идеал за секој возач на Bulli. Bulli е
длабоко интегриран во животот на луѓето како нивни верен придружник. Поради
тоа, љубителите на Bulli се здружуваат во заедници на фанови и на различни
настани и средби го споделуваат своето воодушевување за сите работи поврзани
автомобилите. Освен тоа, Bulli во текот на годините остана доследен на својот
вид, а сепак автомобилот и неговите барања се развиваат и понатаму. Во тој
контекст, тој и во иднина ќе пишува многу за автомобилската историја.

Модели

T1 – Во 1950 започнува производството во Волфсбург.

Во младата Република растеа потребите за транспорт. По овој повод беа развиени нов вид на возила. Првите скици беа изработени во 1947 година. Тие се многу слични на подоцнежната изведба во поглед на поделбата на просторот или концептот на погон.

T2 – 1967 започнува втората генерација.

T2a од 1967 ја претставува втората генерација на Transporter. Новиот Transporter е малку беше зголемен, сега има големи прозорски површини и едноделно ветробранско стакло, во сериската опрема лизгачка врата и значително подобрено подвозје со предна оска со кружен зглоб и задна оска со накосен управувач, што се препознава кај поставеноста на тркалата. Задните тркала, во секакви возни услови го задржуваат својот лесен негативен пад.

T3 – Во 1979 Bulli сјае во нов дизајн.

Генерацијата на модел Т3 на Transporter тип 2 претставена во 1979 година, се појавува во нов дизајн во споредба со досега вообичаената конструкција на Буба на двата претходни модели. Т3 е значајно поголем (60 mm поголемо растојание помеѓу тркалата) и поширок (125 mm). Во кабината на возачот и просторот за товарање има многу повеќе место. Подот на возилото е десет сантиметри подлабок, отворот за товарање соодветно понизок.

T4 – Во 1990 се појавува целосно нова генерација на Transporter.

1990 година Volkswagenја започнува со нова генерација на Transporter. Целосно ново конструираните VolkswagenTransporter и Bus со сериска ознака T4 се претставени со погон на предните тркала и агрегат за погон вграден во предниот дел. Со оглед на бројот на варијанти на конструкција и верзии, Т4 се поврзува со различните проширувања на палетата на модели на претходниот модел.

T5 – Премиум серија на Volkswagen од 2003 година.

Volkswagen Комерцијални возила уште еднаш се опреми од големиот број претходници на Transporter: за првпат мултиталентот се нуди со три висини на покрив. Зголемувањето на просторот за товарање создава нешто ново во споредба со неговиот претходник, пред сè со челичните каросериски ѕидови. Исто така ново: верзијата на опрема Shuttle. Сестраност покажуваат исто така и шасиите со единечна или двојна кабина за посебни надградби - без разлика дали се работи за камион со приколка, приколка со ладилник или влечно возило.

T6 – 2015 Уникатен во шестата генерација.

На Transporter фургон му се зголемуваат задачите. Просторот за товарање сега повеќе од кога и да е се залага за функционалност и сестраност. Идеалната изработка ја создава основата за ефикасен уред за работење, којшто е дораснат за своите задачи. Две моѓуоскини растојанија и три варијанти на покрив нудат волумен на просторот за товарање до 9,3 m³ и товар до 1,4 тони.

Bulli-Vita

1950

На 01-ви март започнува производството на Volkswagen тип 2 T1.

1955

Bulli добива подобра вентилација, а поради тоа ја добива и својата карактеристична кровна стреа.

1958

Започнување на производството за VW возилата со приколка со двојна кабина.

1960

Од 01-ви јуни Bulli добива трепкачи наместо показатели на насока.

1963

VW Bus добива поширока задна врата. Поради тоа, и верзијата Samba за жал го губи својот аголен прозорец.

1967

Промена на модел, T2 Bus го заменува Bulli со поделено предно стакло.

1972

Нова засилена рамка, нови браници и други измени на деталите го прават VW Bus уште побезбеден.

1978

Први пробни возења со модел со погон на сите тркала, претходникот на подоцна реализираниот Syncro.

1979

Претставување на новиот T3 Bus, којшто има поостри рабови и е поголем од својот претходник.

1981

Прв дизел мотор во VW Bus, со моќност од 50 кс.

1982

Прв бензински мотор што се разладува со вода во VW Bus, напуштање на разладувањето со воздух.

1985

Погонот на сите тркала Syncro го има своето деби во VW Bus.

1988

Посебниот модел "Magnum" доаѓа на пазарот, една особено добро опремена варијанта.

1990

Се појавува T4. Сега со преден мотор и преден погон.

1996

Сеопфатен фејслифт на T4, а исто така и VR6 моторот отсега е достапен и во

Bus.

2003

Дебитирање на T5 како петта генерација на Volkswagen тип 2.

2009

Фејслифт на T5.

2015

Презентација на T6 - Шестата генерација на светски успех.

Бројки за Bulli

5.580 марки

Цена на Volkswagen тип 2 во 1950 година.

9

Максимален број на седишта во VW Bus.

760 kg

Најголемо оптоварување на првиот Bulli.

1956

Отворање на фабриката Volkswagen Transporter во Хановер.

100 марки

Вредноста на акција на VW во првата година на издавање 1960.

L53

Шифра на црвениот лак во боја на жиг, една од најубавите нијанси на бои на VW T1.

1.455.034

Број на T1 бусови, коишто биле конструирани во Хановер од 1956 до 1967 година.

7

Број на прекинувачи и регулатори на сериската инструментна табла на T2 Bus во 1967 година.

25 КС

Моќноста на првиот мотор на VW Bus во 1950 година.

M113

Код за нарачка на Safari прозорци, ветробрански стакла на Т1 кои се спуштаат.

2

Број на VW Bus возила коишто се извезени во САД во првата 1950 година.

112 КС

Јачина на најмоќниот сериски VW Bus T3 (2,1 литри резервоар за вода).

50° 30'

Агол на вградување на првиот дизел мотор во VW T3.

6

Број на генерации на Bulli.

241

Точна ознака на типот на Samba Bus како возило со девет седишта.

1969

Вудсток.

235 КС

Досега највисоки можни сериски перформанси во VW Bus T5 3.2 V6.

65

Број на години, колку што се конструира VW Bulli - повеќе од било кое друго споредливо комерцијално возило.

Bulli Vita и бројките за Bulli потекнуваат од книгата "Bulli Love" на изданието Делиус Класинг ( www.delius-klasing.de ). Информациите се однесуваат на Германија. состојба: 2015.

GO! Списанието за мотори во посета на Bulli центарот Хановер

Start Video

Настани и проекти во Австрија

Средба на Bulli во Калс.

На секои две години Калс на Гросглокнер станува "Главно упориште за Bulli" во Европа и во светот. Љубителите на Bulli од целиот свет се собираат тука и ги изложуваат своите украсни парчиња. Покрај редовната размена на фановите на Bulli се одржуваат и заеднички пробни возења, како и крунисување на најубавиот VW Bulli што е во центарот на вниманието. Задолжителен настан за секој фан на Bulli!

Bulli reloaded.

Од 2014 до 2016 година при соработката на Порше Аустриа (Volkswagen Комерцијални возила Австрија) со  PIA сервисот Мајер Линц , со многу љубов беше целосно реставриран Volkswagen Kombi T1 од годината на конструкција 1957. Своето девствено патување Bulli го заврши на соодветен начин на средбата на Bulli во Калс на Гросглокнер.

© Volkswagen Акционерско Друштво - сликите кои ги прикажуваат моделите T1, T2, T3 и T4 се достапни со помош на Volkswagen АГ за илустрации на интернет страницата. Преземањето односно користењето на сликите не е дозволено.