Bulli reloaded. Го обновуваме VW Kombi T1.

Од 2014 до 2016 година при соработката на
Порше Аустриа (Volkswagen Комерцијални
возила Австрија) со PIA сервисот Мајер
Линц, со многу љубов беше целосно
реставриран Volkswagen Kombi T1 од
годината на конструкција 1957. Своето
девствено патување Bulli го заврши на
соодветен начин на средбата на Bulli во
Калс на Гросглокнер.

Како започна сè.

По интензивно барање, во јуни 2014 година, беше купен Volkswagen Kombi T1, година на конструкција 1957, којшто веројатно бил изработен во мала серија кај D'iteren - белгискиот увозник за Volkswagen Комерцијални возила. Bulli веднаш го започна своето патување за Линц, каде што се сретна со еден екстра мотивиран, врвен тим на чираци. Стартот на еден уникатен и истовремено емоционален проект.

Демонтажата.

Демонтажата.

Во текот на неколку седмици Bulli беше целосно и најпедантно расклопен од страна на групата чираци и беше извршена прва документирана проверка.

Лакот е изваден.

Со Bulli и понатаму се одеше кон напред или би требало да кажеме кон назад? Преку една комплексна постапка (млазови вода) му беше отстранет лакот и - за да се избегне одново `рѓосување - му беше нанесена подлога.

Подготовка.

Сега се винклува.

На Bulli целосно му беше извадена бојата. Во план беа понатамошни подготовки. Се винклуваше, прилагодуваше, заваруваше, брусеше, полнеше и повторно се брусеше!

Лакот е на ред.

Кон крајот од 2015 година, се изврши уште едно ажурирање на проектот Bulli. Во тој период Bulli веќе го славеше својот втор божиќен фестивал во Линц и на подготовките за лакирање се работеше со полна пареа.

Придонес за реставрацијата во GO! Списанието за мотори.

Start Video

Моторот.

Покрај каросеријата, исто така и беше расклопен и централниот дел на Bulli на неговите поединечни делови и целосно преработен. Преработката на моторот се спроведе во неколку чекори: на почетокот беше извршена проверка за да се утврди во која состојба се наоѓа моторот. Беше одлучено дека тубуларниот мотор мора да се замени за да се заштеди на трошоци и време при работата. За жал, некои резервни делови повеќе не можеа да се најдат.

Start Video

Тој живее!

Bulli беше повторно конструиран, па поради тоа дојде и времето кога целосно преработениот мотор требаше да се обедини со каросеријата. Се слушнаа неговите први тактови.

Тој е готов.

Тој е готов.

Во 2016 година со полна пареа се работеше на Bulli. И благодарение на ангажманот на тимот од работилницата на Мајер Линц, особено на чиракот Томас Пихлер, нашиот T1 Kombi во јули на 11-та средба на Bulli во Калс зеде учество блеснувајќи во своето вистинско светло.

Капакот е последен.

Она што започна пред повеќе 2 години, на 26-ти септември 2016 го имаше финалниот исход. Нашиот T1 Kombi од 1957 година беше генерално саниран од страна на тимот на чираци на Мајер Линц во текот на многубројни часови и со голема прецизност и страст. Слободен почеток за втор живот!

Придонес за реставрацијата во GO! Списанието за мотори.

Start Video

Галерија

Реставрација на VW Bulli.

Доживејте ги уште еднаш важните чекори на реставрацијата на VW T1 Kombi во нашата галерија. Кон галеријата

Реставрација на VW Bulli.

Доживејте ги уште еднаш важните чекори на реставрацијата на VW T1 Kombi во нашата галерија. Кон галеријата

Благодарение на работата на
меѓугенерацискиот Bulli тим од Линц,
новиот Bulli на Порше Аустриа беше направен
во топ-форма за својата возраст. Тој во 2017
гордо го прослави својот 60-ти јубилеј.
Среќен бус-ден!