Во 2016 година со полна пареа се работеше на Bulli. И благодарение на ангажманот на тимот од работилницата на Мајер Линц, особено на чиракот Томас Пихлер, во 27-та календарска седмица Bulli - речиси завршен - беше донесен во Салцбур за да може да започнат винклерските зафати.

На 19. Јули се стискаа палците за среќа, бидејќи беше дојден терминот за типизирање. Благодарение на добрата состојба и на обемната собрана документација, од Службата на Покраинската влада во Салцбург се замина со добиена потврда за типот. За уште повеќе да се осигури вредноста на Bulli, следниот ден беше изготвено и вештачење.

Во четвртокот, на 21-ви јули 2016, Bulli закачен на приколка замина за Калс - и на тој начин беше уште некое време заштитен. Во петокот уште при возењето кон Лукнерхаус покажа добри перформанси, но сепак при силниот дожд се утврди дека Bulli сè уште не е сосема непропустлив. Во саботата, на традиционалните Bulli средби за пробни возења времето беше ведро и на тој начин и Bulli остана сув. Сè на сè, овој викенд Bulli извозе вкупно 200 километри.

Close