Во текот на неколку седмици Bulli беше целосно и најпедантно расклопен од
страна на групата чираци која се состоеше од Лукас Лазингер, Маркус Холцман,
Матиас Хаузер, Марко Ебнер, Томас Пихлер, Николај Вурм и Јулија Хофелнер и
беше извршена прва документирана проверка.

Резултатот: На каросеријата се манифестираа погруби траги од употреба, како
што и се очекуваше, поради што беа потребни неколку зафати со заварување. За таа цел беа потребни различни типови на лим и истите секако мораа да се
набават односно пронајдат во најдобра можна состојба.

Потоа, во текот на следните седмици, моторот, менувачот и подвозјето беа
подложени на детална анализа. Со тоа уште повеќе се зголеми листата на
набавки. На пример, во внатрешноста недостасуваше нешто од суштинско
значење: седиштата во просторот за патници. Состојбата на клупите за седење не беше од пресудно значење, бидејќи тие во секој случај одново се конструираа и обложуваа со кожа.

Close