Кон крајот на 2015 година, се изврши уште едно ажурирање на проектот Bulli. Во тој период Bulli веќе го славеше својот втор божиќен фестивал во Линц. Додека моторот со четири цилиндри, менувачот, како и оските на оригиналниот T1 беа целосно функционални после комплексната и скапа преработка, на подготовките за лакирање се работеше со полна пареа.

Пред нашиот Bulli да можеше да светне во својата нова обвивка, требаше сепак да се довршат уште неколку чекори. Па така, најпрво беше нанесено примарно полнење врз каросеријата, со кое се пополнија најмалите пукнатини и на тој начин беше добиена рамномерна подлога. Потоа, целосната каросерија одново беше избрусена за да се отстранат и последните нерамномерности на површината. Бидејќи тоа беше главниот предуслов за беспрекорно фарбање, требаше да се работи особено внимателно. За чираците тоа значеше: брусење, брусење и повторно брусење. Со тоа, воспалението на мускулите беше неизбежно.

Најпосле требаше да се донесе одлука за бојата. По сеопфатните подготовки, Bulli конечно го доби своето прво фарбање. Процесот на лакирање во тој посебен момент беше во фазата на целосна реставрација на T1 Комбе. Доколку рачното лакирање не испаднеше беспрекорно, целиот процес на подготовка ќе мораше да се врши одново. За таа цел, чираците имаа многубројни часови на вежбање и мораа пред сè да покажат огромно трпение за да бидат подготвени за совршено лакирање.

Спротивно на претходната состојба на Bulli, T1 повеќе не беше излакиран во црвено-бела боја, туку во неговата оригинална боја од 1957 година, пепелаво сина.

Планот за новата 2016 година односно следната точка од планот за подготовки беше внатрешната облога.

Close