Се винклуваше, приспособуваше, заваруваше, брусеше, полнеше и повторно

се брусеше!

На Bulli целосно му беше извадена бојата. Во план беа понатамошни подготовки. При вадењето на бојата, се појавија поголеми делови кои биле оштетени од `рѓосување. Овие места требаше да бидат заменети со нови делови односно да се скројат и прилагодат делови за таа цел. Пред монтирањето на новите делови, се вршеа винклерски зафати. Тука чираците можеа нешто да научат и за "расклопувањето на возила". При прилагодувањето на деловите како и при комплексните лимарски зафати, на чираците им помогна еден експерт од тимот на работилници на Мајер Линц, господин Херберт Палметсхофер. Тоа значеше дека ќе се работи беспрекорно точно и безгрешно. Пред вградувањето, новите делови беа грундирани и избрусени. Зафатите на каросеријата траеја околу еден месец. Потоа, работата требаше повторно да се продолжи назад во кабината за лакирање.

Close